Mercedes-Benz две години ќе работи на проект на холандската влада, за патната мрежа во вкупна должина од преку 130.000 километри на целата територија на државата, да стане побезбедна, поквалитетна и подготвена за зимски услови.
Задачата на Mercedes-Benz ќе биде преку доставување квалитетни и едноставно разбирливи информации да придонесе за побезбеден, поефикасен и поодржлив сообраќај во градовите и општините во Холандија. Партнерите во проектот ќе користат најнапреден софтвер за анализа, за потоа со помош на податоците да се постигне повисока безбедност за сите учесници во сообраќајот. Посебно се внимава на заштита на податоците. Тие ќе се собираат анонимно од системи Car-toX и од уште неколку системи од интелигентните и вмрежени автомобили на Mercedes-Benz.
Холандскиот министер за инфраструктура Марк Харберс: „Дигитализацијата и автоматизацијата може да донесат огромни предности – како во достигнувањето на нашите амбициозни цени во поглед на безбедноста во сообраќајот, така и во предизвикот, холандската инфрастуктура да се доведе до најновото ниво на техниката.“ Сензорите во возилата Mercedes-Benz ќе помогнат за флексибилно да се планираат поправките на патиштата во земјата. Информациите ќе се користат и за препознавање на опасните точки, како и за насочување на возилата на зимската служба.
Оптималното користење на податоците и сознанијата што ќе стојат на располагање ќе помогне да се зголеми ефикасноста, а со тоа и одржливоста на сообраќајните системи во целата патна мрежа. Тоа важи и за локални подобрувања на условите на патиштата на подрачје на општина, но и за регионални подобрувања преку подобро управување со сообраќајните текови.
Сензорите во возилата на Mercedes ќе јавуваат за критични точки на патиштата, за замрзнати делници и за ударни дупки на патот
Во денешните модели на Mercedes-Benz се вградуваат до 45 најмодерни системи за асистенција, т.н. Advanced Driver Assistance Systems (ADAS). Кога од повеќе возила ќе се добијат податоци дека постои проблем на патот, на пример, ударна дупка, софтверот веднаш го препознава тоа и го пријавува проблемот. Исто ќе бидат од помош и традиционалните системи ABS и ESP. Кога нивните сензори ќе утврдат дека има помала тракција на дел од патот, таа информација се пренесува соодветно. Вентачката интелигенција исто така ќе помага да се намали количината од сол и песок што се расфрлува по патиштата при возење зиме, затоа што ќе се исклучат местата на коишто сензорите на возилата на регистрираат проблем со тракцијата.