Polestar, шведски производител на премиум електрични автомобили, денес потпиша соработка со Hertz, којашто се однесува на набавка на 65.000 електрични автомобили во следните пет години. Првите возила ќе бидат испорачани во Европа веќе летово, а кон крајот на годината ќе следат Северна Америка и Австралија.
Објавувањето на партнерството со Polestar претставува реализација на планот што Hertz го најави во минатиот октомври, на клиентите во Северна Америка да им се понуди најголемиот возен парк од електрични автомобили за изнајмување на континентот.
Освен на деловни и приватни корисници, Hertz ќе ги понуди премиум електричните возила Polestar и за т.н. собирно такси, односно за компании што преку мобилни апликации или вебсајт организираат заеднички превоз до одредиштето.
Polestar трикратно ја зголеми продажбата во минатата година и цени дека во текот на годинава ќе следи натамошно удвојување на бројот на продадени возила. Целта е до крајот на 2025 година да се достигне продукција од 290.000 електрични автомобили годишно.
На голем број корисници веројатно ќе им биде првпат да возат електиричен автомобил, и тоа автомобил Polestar
Томас Ингенлат, извршен директор на Polestar
Договорот прво предвидува испорака на Polestar 2, на моделот којшто овозможи шведската марка да се докаже на сцената како производител на премиум електирчни автомобили. Тоа е воедно и првиот големоволуменски модел на Polestar. Меѓу посебностите на „2“ спаѓа и користењето оперативен систем Android Automotive OS за инфо-забавниот систем, што е прва негова примена во сериски автомобил.
Did you know❔
We offer the largest electric vehicle rental fleet in North America! Browse our fuel-free cars: https://t.co/3dQqzwOL4k #Hertz #HertzLetsGo #EVFleet #electricvehicle #electriccar #Tesla pic.twitter.com/GerFpFWPIe— Hertz (@Hertz) March 23, 2022
















