Полнач за струја од Seat чини 388 евра

Полнач за струја од Seat чини 388 евра
Полнач за струја од Seat чини 388 евра

Seat започнува со продажба на сопствени полначи за струја за своите приклучни хибридни, а наскоро и целосно електрични модели. Кој очекува дека цената на овие полначи е превисока, кај шпанската марка ќе има пријатно изненадување.

Полнач за струја што се поставува во сопствената гаража или на резервираното место за паркирање пред станбена зграда не е „музика од иднината“. Шпанската марка на Volkswagen, поточно една од двете марки, затоа што Cupra сега фигурира засебно, стартува со продажба на полначи за струја. Во верзија со моќност до 11 киловати, полначот чини 388,94 евра во германската мрежа на Seat.

Во поскапата изведба со ознака Connect се добива привилегија преку мобилна апликација да се провери наполнетоста на батеријата, преостанатото време за полнење и други податоци. Дополнително може да се регулира и користење на полначот со помош на картичка.

Во топ-изведбата Pro, сопственикот добива и струјомер за полначот, за да добие целосен преглед во трошоците за струја. Цената на основниот уред е со вклучена монтажа.

Во основа, истите уреди се користат за сите марки од концернот, а комуникацијата се засили од лансирањето на ID.3, првиот електричен автомобил од новата генерација, базиран врз платформата MEB на Volkswagen.

Seat Leon e-Hybrid е прв модел на шпанската марка со приклучен хибриден погон. За целосно полнење на батеријата со капацитет од 12,8 kWh, на ѕидниот полнач се потребни 3,5 часови. Со енергијата во батеријата може да се минат седумдесетина километри во идеален случај.

>>> Новиот Seat Leon стартува од 19.500 евра

Претходна објаваTesla планира удел во новата компанија за батерии на LG
Следна објаваBMW од серијата 4 со сонце во стандардната опрема

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here