за

Нова преса и топла валавница во Seat за 57 милиони евра

seat нова преса Марторел
seat нова преса Марторел

Фабриката на Seat во Барселона доби нова преса за челична ламарина и две нови ленти за топло валање. Опремата вредна 57 милиони евра беше пуштена во работа за време на „Деновите на Барселона“, во присуство на 3.500 лица.

Во новата „Прес-линија XL“ се инвестирани 31 милиони евра. Со неа се зголемуваат степенот на автоматизација и брзината на производство во Марторел. Кај двете ленти за топло валање, во вредност од 25 милиони евра, нагласокот е ставен на ефикасноста, брзината и прецизноста.

Со новите постројки во Марторел се зголемува продукцијата за 15 проценти, од 52 на близу 60 милиони делови од ламарина годишно

Фабриката на Seat во Зона Франка, во близина на Барселона, започна со работа во 1953 година. Првите модели оттаму беа Seat 1400 и Seat 600. Четири децении подоцна, производството се пресели во фабриката во Марторел. Оттогаш, таму се произведуваат каросериски делови, како врати, покриви, крила и траверзи.

Во Шпанија се изработуваат околу 80 проценти од компонентите на платформата MQB A0. Компонентите од фабриката на Seat понатаму се извезуваат во 22 фабрики во шест држави.

Фабриката на Seat има тротоари што го пречистуваат воздухот

Seat Mii на батерија вози 260 километри со едно полнење

Seat користи суперкомпјутер со моќ на 40.000 обични компјутери

Seat Arona на метан вози 100 km за 150 денари

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ferradi Музеј Маранело 90 години Scuderia

Музејот на Ferrari одбележува 90 години на „Скудерија“

Mercedes и Chark, достава пратки во багажник

Mercedes доставува пратки во багажникот