Новите Skoda Scala и Kamiq добиваат можност за безжично поврзување со паметен телефон. Тоа се први модели на чешката марка со Wireless Smart, за полесно користење на Apple CarPlay или Android Auto. Во комбинација со индуктивно полнење и безжична врска со антената на возилото се постигнува целосно користење на паметниот телефон без физичка врска со возилото.
Во моделите на Skoda, телефонот досега мораше да се поврзува со USB-кабел, за да се користи SmartLink, односно апликациите да се прикажуваат на дисплејот на инфо-забавниот систем и да се ракува со ситите. Со доплата за Wireless SmartLink во новите Scala и Kamiq се олеснува поврзувањето и користењето на апликациите од мобилниот телефон.
Врската функцонира на вообичаениот начин. Возачот прво мора да воспостави врска меѓу телефонот и инфо-забавниот систем, преку блутут. Натаму, телефонот ќе се поврзува автоматски преку Wireless SmartLink, при секое влегување на возачот во автомобилот, доколку е вклучен блутут.
Податоците од телефонот се префрлуваат преку Wi-Fi. Кога телефонот ќе се остави врз опционалниот Phone Box при влегување во возилото, тој се поврзува со инфо-забавниот систем, како и со надворешната антена, со цел да се обезбеди најдобар можен прием и безжично полнење во исто време.