Теренец од E-Class, па уште и купе: Mercedes GLE Coupe

Mercedes GLE Coupe 2019
Mercedes GLE Coupe 2019

Mercedes е сериозен околу„купето“ во GLE Coupe. Меѓуоскиното растојание е скусено за 60 милиметри во споредба со стандардниот СУВ, што носи плус во возната динамика. На тоа следи и нов погон 4Matic, кој може по желба на возачот да дозволи повеќе надуправување или подуправување. Нормално, уште од старт пристига и AMG-изведбата со 435 КС.

Неколку важни места на штандот на Mercedes на салонот ИАА во Франкфурт ќе им припаднат на новото GLE Coupe и на неговата спортска изведба AMG 53. Во салоните на марката, новите модели ќе пристигнат во следната пролет. СУВ-крстосувачот GLE веќе го имавме на тест во Аутомедиа, а тогаш подготвивме и објаснување на техниката што на двотонската грамада ѝ дава способност за „танцување“. Затоа, без репризи и повторувања, накусо за купе-изведбата на GLE:

Главните обележја на новиот Mercedes GLE Coupe:

  • Дизајнот повеќе ја нагласува елеганцијата, но во исто време и спортската нота на купе-каросеријата, во споредба со претходникот. При непроменета челна површина, отпорот на воздух е смален за 9 проценти, благодарение на подобрената аеродинамика.
  • При доплата за пневматска амортизација Airmatic и активното подвозје E-Active Body Control, се унапредуваат и возната динамика и комфорот, на асфалт и на терен. Четирикратно зголемениот напон, на 48-волти, дозволува компонентите во подвозјето да реагираат побрзо, а се добиваат и неколку функции што беа недостапни досега. „Танцувањето“ подеднакво добро му успева и на GLE Coupe. Покрај тоа, подвозјето е дотерано поспортски, вклучувајќи и управување со подиректен преносен однос.
  • Поимот модерен луксуз, кој практично е основа при развојот на целата актуелна генерација модели на Mercedes, секако дека е присутен и во купето од GLE. Според Штутгарт, внатрешноста оддава убава спортска нота, но и повеќе комоција во споредба со претходникот.
  • Ракувањето во кокпитот се базира врз познатиот систем MBUX, со одушевувачка графика и лесно ракување.
  • Престижното СУВ-купе во почетокот ќе се нуди на европскиот пазар во две моделски изведби, двете со трилитарски V6-дизел: Mercedes GLE 350d Coupe со 272 КС и 600 Nm, и Mercedes GLE 400d со 330 КС и 700 њутнметри. Во пречистувањето на издувните гасови се користи дополнителен SRC-катализатор кој поседува и ASC-катализатор, при што се постигнува поточно дозирање на Адблу, според стилот на возење.

https://photos.app.goo.gl/8gM4Nn8oaUkmJQ529

https://photos.app.goo.gl/S6bAH5drLsJee5AdA

https://photos.app.goo.gl/v81ukjmhyzt1Je1p6

Главните обележја на новиот Mercedes GLE 53 Coupe:

  • Четирилитарскиот V8 со двојно турбонатполнење и блага хибридна техника под име EQ Boost, постигнува 435 КС „на бензин“, а уште 22КС доаѓаат од стартер-генераторот. Корисна способност на погонот е да вклучи таканаречено „едрење“, кога се ангажира мала силина на моторот, само колку да се одржува моментното темпо.
  • Стилот на AMG најдобро го прикажува маската со 15 вертикални ламели.
  • Во техничкиот арсенал во подвозјето спаѓаат:
    – AMG RIDE CONTROL+ пневматска амортизација со електромеханички систем против навалување на каросеријата AMG ACTIVE RIDE CONTROL и постојано приспособување на степенот на амортизација.
    – AMG DYNAMIC SELECT со седум програми за возење – лизгаво, комфорно, спортски, спортски+, индивидуално, приколка и песок.
  • Преносот на сила и подвозјето на AMG GLE 53 Coupe се дотерани посебно за перформансите и возната динамика кои се својствени за спортската марка на Mercedes.

https://photos.app.goo.gl/aVTJouCW2PA2SCSK6

https://photos.app.goo.gl/WhFZLLRj6eJzcbVd8

Осум модели ја сочинуваат СУВ-понудата на Mercedes: GLA, GLC, GLC Coupé, GLE, GLE Coupe, GLA, G-Class и новиот GLB. Штутгарт досега има продадено повеќе од 6 милиони СУВ-модели.

Технички податоци · Mercedes GLE 53 GLE 4Matic+ Coupe

https://photos.app.goo.gl/SARer9sW7C2imCzS6

Цилиндри

6

Зафатнина (cm3)

2.999

Моќност (kW/КС)

320/435

при 1/min

6.100

Моќност од EQ Boost (kW/КС)

16/22

Вртежен момент (Nm)

520

при 1/min

1.800-5.800

Вртежен момент од EQ Boost (Nm)

250

Потрошувачка (l/100 km)

9,3*

Емисија на CO2 (g/km)

212*

0-100 km/h (s)

5,3

Крајна брзина (km/h)

250**

Претходна објаваOpel дава пример како се субвенционираат електромобилите во Германија
Следна објаваScala и Kamiq први модели на Skoda со безжична врска со мобилен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here