за

Хрватскиот Rimac на струја е побрз од Bugatti со 16 цилиндри

Rimac Nevera, електричен автомобил што се произведува во близина на Загреб, постигна 412 km/h и стана најбрз електричен автомобил од сериско производство.

Најбрзиот електричен автомобил од сериско производство се произведува во Хрватска. Rimac Nevera, со крајна брзина од 412 km/h постави светски брзински рекорд, откако лани извозе четвртина милја за време од 8,582 секунди и стекна титула на најдобар спринтер.

Тимот на Rimac бараше патека со доволно долги правци, на којашто електричниот хиперавтомобил Nevera ќе може да ја постигне највисоката крајна брзина. Од малкуте патеки на планетата, на коишто можеда се постигнат брзини над 400 km/h, тимот се реши за Папенбург во Германија, со два правци долги по 4 километри.

Nevera располага со соодветен режим за постигнување на крајната брзина, со зафати што влијаат врз аеродинамичноста, односно со создавање дополнителен потисок се обезбедува стабилност при исклучителни брзини. Гумите што се користеа се стандардни Michelin Cup 2R. Експерт од производителот на гуми присуствуваше на патеката, за да ја надгледува состојбата на гумите.

Зад воланот беше Миро Зрнчевиќ, главен тест возач на Rimac. По излегувањето од свијокот, при брзина од 250 km/h, Миро ја повика максималната моќност од четирите електромотори и ја катапултираше Nevera во незамисливото брзинско подрачје од преку 400 km/h. Кусо потоа следеше и порака до возачот, дека постигнатата брзина изнесува 412 km/h, исто како при компјутерските симулации пред неколку години. Така најави и шефот Мате Римац, кога C_Two беше претставен на салонот во Женева во 2018 година.

Тоа ѝ обезбеди на Nevera титула на најбрз сериски автомобил со електричен погон, а воедно и титула на најбрз автомобил што возел по патеката Папенбург.

Првите примероци од електричниот хиперавтомобил што вреди над 2 милиони евра и располага со 1.914 КС, веќе им се испорачани на сопствениците.

Хрватскиот Rimac Nevera е најдобар спринтер во светот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Полска ќе произведува електрични автомобили, техниката од Кина

Jaguar Land Rover има работа за отпуштените работници од Twitter и Facebook