Производителот на Jaguar и Land Rover денес излезе со соопштение, дека сака да ги регрутира работниците што се отпуштени од технолошките компании, односно од платформите на Meta и од Twitter.
Jaguar Land Rover сака да вработи околу 800 работници во Велика Британија, во САД, Ирска, Индија, Кина и Унгарија. Слободните работни места се во подрачјата за автономно возење, вештачка интелигенција, електрификација, софтвер за податочен облак, истражување на податоци и машинско учење.
Техно-компаниите го скусуваат работниот кадар и го забавуваат вработувањето на нови кадри, соочувајќи се со високи камати, ослабната потрошувачка, како и силен долар.
Мајчинската компанија на Facebook, Meta, скусува околу 11.000 работни места. Тоа е прв масовен бран отпуштања во историјата на компанијата за друштвени медиуми. Во исто време, Twitter под режија на новиот сопственик Илон Маск, нареди масивно скусување на трошоците, а голем број вработени ја напуштија компанијата.
JLR, којшто е во сопственост на индискиот Tata Motors, вели дека вработените што ги бара во своите редови, поседуваат вештини што се клучни за развој и конструирање на идната генерација електрични автомобили на вредните британски марки.
















