за

Renault Twingo по двомесечната тура низ 48 европски градови

Во минатите два месеца новиот Twingo помина низ најголемите градови во Европа заради серија од фотографии што ги објавуваме во медиумите. Меѓу другото, Twingo докажа и колку лесно се снаоѓа во редовниот градски метеж.

Новиот Twingo во последните два месеци се појавуваше пред претставниците од медиумите во најголемите градови во Европа. Долгата тура овозможи новинарите да се запознаат со леснотијата со којашто најмалечкиот автомобил на Renault се снаоѓа во градското секојдневние. Една од главните предности во град секако е кругот на вртење од 8,6 метри, што е меѓу најкусите во класата. Тоа го олеснува паркирањето, но и враќањето во „рикверц“ кога напред ќе се здогледа застој на патот.

Во прилог на малечкиот Twingo одат и високото седење и одличната прегледност. Иако е 10 сантиметри покус од неговиот не толку славен претходник, новакот има за дури 22 сантиметри подолга кабина. Во просторната кабина имаше простор и дизајнерите да си поиграат. Повеќе детали се во свежи бои, од кои повеќето може да се избираат по вкус на купувачот, додека за практичноста говорат преградите за одлагање со вкупна зафатнина од 52 литри и пристојните 219 литри во багажникот. Поврзувањето со паметен телефон е детска игра, а достапен е и мултимедиски систем R&GO со бесплатни навигациски услуги од Renault.Сопствениците што ќе се упатат во продавница на мебел за склопување во стилот на Ikea нема да бидат разочарани, исто како и контрабасистите, благодарение на можноста со соборување на седиштата да се добие простор со должина од 2,20 метри.

Во 1993 година, кога се појави првата генерација на Twingo, францускиот фотограф Динго направи серија сензационални фотографии со солидна доза на хумор и весели сцени, преку кои што стана јасно дека Twingo 1 дефинитивно е ‘Voiture à Vivre’!

Две децении подоцна, Динго го улови новиот Twingo во неговата мега европска тура, во вистински елемент во градските центри. Целата галерија од 51 фотографија можете да ја погледнете на нашата страница на Фејсбук.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

McLaren по цена од 20.000 долари … со две тркала

Диџеј Шорти во летен работен поход со Renault Captur