за

Диџеј Шорти во летен работен поход со Renault Captur

Популарниот македонски диџеј има работна сезона во полн ек во текот на летово. Renault Captur ќе му биде придружник на Панчо ака Диџеј Шорти на патувањата меѓу многубројните музички сетови сезонава.

Едно име на македонската музичка сцена се одржува во континуитет. Панчо ака Диџеј Шорти, познат од дуото ДНК, е несопирливво креирањето нови хитови и во привлекувањето многубројни фанови на неговите диџејски сетови, вклучувајќи ги и странските ноќни клубови.

„Оној кој си ја сака работата и е исполнет, не чека со душа да дојде лето за да може две недели негде да се излежува. Затоа и ова лето, решив да се посветам на работата која заедно со Андреј ќе ја крунисаме на концертот со бенд, кој е планиран за крајот на месец јули во Охрид. А, за исполнување на сите работни обврски мора да се има поддршка од најблиските, но и од некој кој ќе помага се да се постигне. Во мојот случајот тоа е мојот Каптур кој ми овозможува да стигнам насекаде навреме,“ вели Панчо, кој е познат креатор на добрите ноќни забави ширум државата.

Панчо ја продолжува соработката и останува дел од семејството на Аутомотив Груп, отсега со ексклузивен договор со брендот Renault. Популарниот диџеј стана сопственик, а воедно и заштитно лице на автомобилот кој е прогласен за најдобар градски кросовер за 2014 година, Renault Captur. Кросоверот на Панчо носи впечатливо брендирање и негов потпис, по кои што ќе го препознавамепо улиците во неговиот работен поход.Куманово, Охрид, Дојран, Штип, Струга, Кичево и Скопје се само дел од градовите кои диџеј Шорти ќе ги посети летово. Неговата работа ќе биде крунисана со концертот на ДНК во Охрид, на крајот на јули.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Twingo по двомесечната тура низ 48 европски градови

Престижна награда за дизајн за Škoda Rapid Spaceback