за

McLaren по цена од 20.000 долари … со две тркала

Можноста да се купи McLaren по цена на Golf не е за пропуштање. Но, притоа мора да се знае фактот дека тој има само две тркала и нема мотор. Затоа, пак, користа за здравјето е бесценета.

Постојат обожуватели што ги знаат основните технички податоци на McLaren P1 како Оче Наш – преку 300 km/h, 916 КС, хибриден погон со можност за возење десетина километри на струја и цена од преку еден милион евра. Но, ако сте љубител на карбон и на работи што никој друг ги нема, не ви се даваат толку пари и вртењето педали качени на две тркала ви претставува задоволство, тогаш има решение. Тоа е S-Works McLaren Tarmac.

Велосипедот се произведува во Specialized и конструиран е заеднички со Mclaren, со примена на ексклузивните материјали од познатиот двосед. Заради пониска тежина, поголемиот број компоненти на Tarmac се изработени од карбон, кој дополнително му дава и поголема трајност на велосипедот. Рамката и волушката се лакирани во „папаја спарк оринџ“ во McLaren Operations Center, додека остатокот е во асфалтно црна боја заради констраст.

Серијата е ограничена на само 250 примероци и може да се нарача само од избрани клиенти. Регистрирањето е преку вебсајтот на McLaren. Во цената од 20.000 евра се вклучени соодветни велосипедски патики и S-Works шлем, изработен по мера и во бои што одговараат со велосипедот. Тимот дополнително ќе ве упати како правилно да го подесите велосипедот според телесната конституција.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Девојки, не се качувајте во автомобил на непознат – освен ако е Lamborghini

Renault Twingo по двомесечната тура низ 48 европски градови