за

Range Rover за шофери и клаустрофобични милионери

Кога богатите бараат услуга од шофер, најчесто се избира лимузина со продолжено растојание меѓу оските. Но, и луксузен теренец може да послужи.

За прв пат по дваесет години Британците повторно нудат продолжена изведба од Range Rover. Долгиот теренец ќе претставува алтернатива за екстрадолгите лимузини првенствено за клиентите од Блискиот Исток и Кина. Новиот модел ќе доживее паралелна премиера на салоните во Лос Анџелес и во кинескиот Гангжу крајот на ноември.

Патниците на задната клупа во продолжената изведба на Range Rover имаат 14 сантиметри повеќе простор пред колената
Патниците на задната клупа во продолжената изведба на Range Rover имаат 14 сантиметри повеќе простор пред колената

Порастот за дваесет сантиметри, на вкупна должина од 5,2 метри, како и вообичаено ќе им годи најмногу на патниците на задната клупа. Тие имаат 14 сантиметри повеќе простор пред колената и седат на единечни седишта со голем дијапазон на местење на аголот. За погон се грижат познатите мотори со моќност до 510 КС, а за догодина се најавува и хибридна изведба. Цената стартува од 150.000 евра.

Покрај тоа, за напролет се најавува и новата верзија со врвна опременост Range Rover Autobiography Black, достапна во нормалната и долгата каросериска изведба. Покрај мали измени во изгледот на каросеријата, оваа серија се одликува со дополнително облагороден ентериер, во кого спаѓаат и седишта со масажа. Цените за овие модели уште не се објавени.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возењето со овие модели е најевтино

Клубови обвинуваат за слаба заштита од враќање на километражата