Германските статистичари повторно на дело. Тие ја пресметаа просечната моќност на регистрираните автомобили по градови. Минхен и Инголштат се први, со повеќе од 140 КС, како домашен терен на BMW и Audi. Веднаш зад нив е Штутгарт, односно Mercedes. На север, моќноста опаѓа на околу 115 КС.
Баварските градови Минхен и Инголштат, домовите на марките BMW и Audi, имаат возен парк со најмоќни автомобили. Возилата во приватна сопственост во Минхен располагаат со просечно 141,1 КС, додека моќноста во Инголштат е само половина КС пониска.
Во споредба меѓу покраините, предводат Баварија и Баден-Виртемберг, кадешто се наоѓа Штутгарт, домот на Daimler. Последни на овој список се градовите и регионите од северниот дел на Германија. Автомобилите во округот Лер во Источана Фризија, покраина Долна Саксонија, просечно располагаат со 116,5 КС. Просекот во земјата е 127,8 КС. Баварскиот просек е 135 КС, во Баден-Виртемберг се 133 КС, во Хесен 131 КС, додека на завршетокот на списокот се Саксонија (123), Мекленбург-Форпомерн и Саксонија-Анхалт (со по 122 КС).
За статистиката се користени податоци од осигурителните компании во Германија. Моќноста на моторот е основна големина при пресметката на осигурителната тарифа, според принципот – посилен автомобил, поголема опасност за незгода.
https://photos.app.goo.gl/HwAHD8pWJ4Cuy6H79
Топ 10 Градови и региони во Германија со најмногу КС по автомобил
|
Град/Подрачје |
Просек КС |
|
Минхен |
141,1 |
|
Инголштат |
140,6 |
|
Штарнберг |
139,2 |
|
Ајхштет |
137,8 |
|
Регион Минхен |
137,8 |
|
Динголфинг-Ландау |
136,2 |
|
Баден Баден |
135,8 |
|
Мисбах |
135,7 |
|
Штутгарт |
135,7 |
|
Фирстенфелдбрук |
135,5 |
















