XC60 најпродаван модел на Volvo во првото полугодие

Volvo_XC60
Volvo_XC60

Шведската марка пријави рекордна продажба и рекорден промет во првата половина од годинава. Тоа веќе одамна не е изненадување, исто како и моделот што најмногу учествува во продажбата на Volvo.

Volvo во првите шест месеци од 2019 година постигнал промет од 130,1 милијарди шведски круни или 12,2 милијарди евра, наспроти 122,9 милијарди круни во истиот период лани. На тоа следи и најдобра продажба во прво полугодие во историјата на марката.

Во периодот од јануари до јуни се продадени 340.286 автомобили, за 7,3 проценти повеќе од лани. Тоа се случува во услови кога целиот светски пазар е во благо опаѓање.

Пазарниот удел на Volvo напредувал најмногу во САД, Кина и Европа. На пазарите во Велика Британија и Германија има огромен пораст од 30, односно 32 проценти.

Продажните акции што Volvo ги презеде во изминатиот период условија намалување на профитот. За шест месеци, Швеѓаните заработиле 5,5 милијарди круни, наспроти 7,8 милијарди во првото полугодие лани.

За второто полугодие, менаџерите на Volvo очекуваат натамошен раст во продажбата и прометот, повикувајќи се на големиот пазарен интерес за свежата понуда од модели, како и зголемениот производствен капацитет. Со однапред испланираните мери за скусување на фиксните трошоци, тимот на Хакан Самуелсон се надева и на повисока заработка во преостанатиот шест месеци од годинава.

Продажба на автомобили на Volvo во првата половина од ’19 во светски рамки

Модел

Продажба во 2019

Тренд %

S60 II

795

-91.6 %

S60 III

10,558

100.0 %

S60L

5,036

-63.6 %

S60 CC

140

-74.5 %

S90

26,964

-13.0 %

V40

24,774

-23.7 %

V40 CC

8,473

-7.2 %

V60

664

-96.3 %

V60 CC

270

-96.8 %

V60 CC II

6,216

100.0 %

V60 II

28,781

2,518.8 %

V90

11,526

-41.5 %

V90 CC

9,739

-17.1 %

XC40

61,864

160.6 %

XC60

5

-99.7 %

XC60 II

97,203

9.5 %

XC90 II

47,818

0.3 %

Вкупно

340,826

7.3 %

https://www.instagram.com/p/B0fQIZQFkpe/

Претходна објаваОд шампионите за статистика: Просекот во Минхен е 141 КС
Следна објаваCarrera без „S“: Основната изведба на Porsche 911 вози со 385 КС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here