Volkswagen со 2,3 млрд. € заработка за половина година

volkswagen modelska gama 19
volkswagen modelska gama 19

Производителите деновиве ги објавуваат резултатите од првото полугодие. Марката Volkswagen во првите шест месеци од ’19 остварила промет од 44,1 милијарди евра (+3,4%), додека оперативната заработка пораснала за 7,4 проценти, на 2,3 милијарди евра. Маржата изнесува 5,2 проценти. Тоа се одлични бројки, иако продажбата е во благо опаѓање.

Марката Volkswagen во првото полугодие од 2019 продаде помалку возила отколку во истиот период лани, но прометот и оперативната заработка пораснаа. Тоа се должи на поголемиот број продадени возила од поскапите сегменти, како и на оптимизацијата на производствените процеси и на скусувањето на неколку моделски изведби во понудата.

Во вториот квартал не се предвидуваат дополнителни трошоци, како во првото полугодие, кога беа исплатени 400 милиони евра на име на правни ризици. Според шефот за финансии, Др. Арно Антлиц, марката ќе продолжи да ја зајакнува својата позиција во однос на конкуренцијата „преку наменски вложувања во електромобилноста и дигитализацијата“.

Уделот на марката Volkswagen во светски рамки пазар дури и се зголеми во периодот до јуни, поради тоа што целиот пазар е во опаѓање. Марката испорача 2.998.200 возила (-3,9%). Голем поттик во продажбата се очекува од новиот T-Cross, кросоверот на база на Polo.

Претходна објаваToyota Yaris WRC ќе вози за трета „домашна“ победа на Рели Финска
Следна објаваОд шампионите за статистика: Просекот во Минхен е 141 КС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here