Фолксваген Т-Рок во август првпат ја победи Дачиа Сандеро во пазарната трка

Фолксваген Т-Рок е на пат да ја симне Дачиа Сандеро од врвот и првпат годинава да стане најпродаван модел во еден месец.

Фолксваген Т-Рок е на пат да ја симне Дачиа Сандеро од врвот и првпат годинава да стане најпродаван модел во еден месец.

Според првичните податоци од Датафорс, Фолксваген Т-Рок е на пат да ја постигне својата прва месечна победа на европскиот пазар годинава. Неодамна беше прикажана новата генерација, којашто вклучува хибрид.

Компактниот СУВ Фолксваген Т-Рок има одлични изгледи да стане најпродаван автомобил во Европа во август и да ја симне Дачиа Сандеро од тронот, којашто беше на првото место во јули. Тоа го покажуваат првичните податоци од Датафорс. За цела година, Дачиа Сандеро и натаму е најпродаваниот автомобил.

Т-Рок во август постигна 14.252 продажби, што претставува напредок од 12 проценти во споредба со август 2024 година. Кај Сандеро, пак, има пад од 11 проценти и продадени 13.416 возила.

Втората генерација на Т-Рок неодамна го имаше своето прво појавување пред светот, за време на салонот ИАА Мобилност во Минхен, којшто заврши во средината на месецов. Меѓу новините е верзијата со полн хибриден погон.

Податоците од Датафорс опфаќаат 97 проценти од продажбата во ЕУ, ОК и ЕФТА, Разликата од 836 возила меѓу двата најпродавани модели остава шанси да се смени редоследот.

Откако ќе пристигнат податоците од преостанатите пазари, тоа би било прва месечна победа за Т-Рок годинава. Сандеро и Рено Клио, како два модели што ја користат платформата ЦМФ-Б на Рено-Нисан, победуваа во сите месеци до јули.

Водечката десетка ја дополнуваат Кло, Тојота Јарис, Хјундаи Тусон, Тојота Јарис Крос, Дачиа Дастер, Опел Корса и Фолксваген Голф. Најголем скок имаше Тусон, додека кај Дастер има пад од 16 проценти.

Во споредба со јули, Тусон во август се искачи од 11-то на шестото место, Јарис напредуваше од 13-то место на седмо место, и покрај падот од 6,1 проценти. Тоа покажува колку е жестока конкуренцијата меѓу најпродаваните модели.

Шкода Елрок ЕВ е меѓу двата нови модели годинава, заедно со Дачиа Бигстер, коишто се појавуваат во Топ 50 во август, но и за цела година.

Два сосем нови модели се пробија во Топ 50. Тоа се компактниот СУВ со електричен погон Шкода Елрок, којшто се најде на 31-то место со продадени 6.212 возила, додека компактниот СУВ Дачиа Бигстер, којшто е продолжена изведба на Дастер, е на 36-то место со продадени 5.737 возила.

Меѓу победниците во Топ 50- се Ауди А3, на 18-то место со раст од 38 проценти, потоа Ситроен Ц3 на 19-то место и 98% раст, откако производството стартуваше бавно во минатата година, БМВ Икс 3 на 41-то место (+62%) и серијата 1 на БМВ, на 42-то место (+137%). По нив следи уште еден БМВ, електричниот и Икс 1 на 43-то место со раст од 44 проценти.

Модели што ги изгубија своите места од лани се Тесла Модел Ипсилон на 16-то место (-39%), Пежо 208 на 17-то место (-22%), Фолксваген Поло на 21-то место (-32%) и Шкода Карок на 45-то место, со 24 проценти минус.

Компактниот СУВ Пежо 3008 постигна силна продажба до август, со раст од 35 проценти во спроедба со лани. Тој е 20-от најпродаван модел во Европа. Пежо на тестот во Аутомедиа

Кои модели се водачи во продажбата до август?

За досегашниот тек на годинава, останува водечката тројка Сандеро, Клио, Т-Рок. Тигуан се спушти од 4-то на шестото место.

Меѓу моделите со голем скок годинава се Тигуан (+11%), Пежо 3008 (+35%, на 20-20-то место), МГ ЗС (+24%, на 21-то место) и Џип Авенџер (+31%, на 34-то место).

Единствен сосем нов модел во Топ 50 за првите осум месеци од годината е Шкода Елрок, на 50-то место.

Претходна објаваТесла ќе изгуби милијарди со укинувањето на ЦО2-стандардите во САД
Следна објаваБи Уај Ди ангажира германски менаџери, план за 300 салони и над 50.000 возила на најголемиот европски пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here