Би Уај Ди ангажира германски менаџери, план за 300 салони и над 50.000 возила на најголемиот европски пазар

Би Уај Ди има големи планови за Германија. Уште в година, Кинезите имаат намера да ја прошират мрежата на 300 салони и најбрзо што може да надминат 50.000 возила.

Би Уај Ди на салонот ИАА 2025 во Минхен

Со цел да го поддрши проширувањето на продажната мрежа и да ги оствари поставените цели во Германија, Би Уај Ди назначи неколку нови менаџери на високи позиции, коишто доаѓаат од традиционалните марки.

„Составивме ангажиран и професионален тим, што ќе им помага на нашите партнери при проширувањето на својот бизнис и ќе ја јакне нашата мрежа, за на тој начин да се даде важен придонес за долготраен успех на нашата марка локално“, изјави Ларс Биалковски, директор на Би Уај Ди во Германија.

Новите германски менаџери доаѓаат од Хјундаи и МГ

На местото на оперативен директор е назначен Феликс Борер, кој ќе биде одговорен за набавки, односно за инвентар, нарачка на нови возила, обработка на нарачките од дилерите и координација со испораката на возилата. Тој досега работеше за Хјундаи.

За поставување на стратегијата на продажба, планирање на продажбата и нејзино поттикнување, како и за понудите за кредитирање, ќе биде одговорен Бирк Пфениг, кој исто така доаѓа од Хјундаи Германија.

Работењето со дилерите и нивно поддржување во продажните и маркетиншки акции, привлекувањето клиенти со голем возен парк, како и најмувањето возила, ќе биде одговорност на Кристијан Лохнер. Тој досега работеше во големата групација Емил Фреј, што увезува бројни автомобилски марки во Германија, меѓу кои Мазда, Мицубиши, Фиат и Ферари.

Местото на директор за продукти и стратешко планирање и развој на понудата од модели ќе му припадне на Фабијан Улрих, кој доаѓа од конкурентскиот МГ.

Паралелно се работи на продажната мрежа. Планот за мрежата да се прошири на 120 дилери годинава е на добар пат да се оствари. Во моментов работат преку 50 дилерски салони, а уште толку се подготвуваат за отворање.

Претходна објаваФолксваген Т-Рок во август првпат ја победи Дачиа Сандеро во пазарната трка
Следна објаваМерцедес планира наследничка за А-Класата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here