за

Европа купи за 14% повеќе возила во октомври, економијата прави неизвесност

Групацијата Volkswagen води во продажбата на автомобили во Европа во октомври, втори се Stellantis, додека Hyundai Group на третото место изгубиле 4,9 проценти од пазарот.

Октомври е трет месец во низа во којшто автомобилскиот пазар бележи раст во споредба со лани. Браншата почнува да го надминува тесното грло во снабдувањето со микрочипови, но од друга страна се јавува неизвесност, како економската ситуација ќе се одрази врз купувачкиот дух.

Во октомври на пазарот во Европската Унија, во Велика Британија и во земјите од ЕФТА (Швајцарија, Норвешка и др.), продадени се вкупно 910.753 автомобили, што е за 14% повеќе во споредба со истиот месец лани.

Браншата повторно бележи раст, откако во август заврши периодот во којшто пазарот 12 месеци во низа беше во постојан пад.

Volkswagen Group, производителот со најголема продажба на автомобили во Европа, постигна примерен успех во минатиот месец, со раст од 40 проценти во споредба со лани. Вториот по продажба автомобилски концерн, Stellantis, забележа мал пад од 1,8 процент, додека концернот што е на третото место, Hyundai Group, каде што припаѓа и Kia, изгубил 4,9 проценти од пазарот, главно поради слабиот резултат на Hyundai, чијашто продажба се намалила за 8,9 проценти. Наспроти тоа, Kia не само што има одвај забележлив пад од 0,9 проценти, туку и во вкупната продажба во првите десет месеци од 2022 година води пред Hyundai, со 468.295 продадени возила, во споредба со 435.041 возилa Hyundai.

Производителите на автомобили конечно имаат олеснување со тоа што попушта тесното грло во снабдувањето со микрочипови, но и со останати компоненти. Но, енергетската криза, од друга страна им ги зголемува трошоците на производителите и попречува поубедливо заздравување на ситуацијата.

Аналитичарите предвидуваат, дека и покрај подобрувањето што се очекува в година, пазарот пак ќе остане под бројките од продажбата што се сметаат како нормални вредности, од времето пред пандемијата.

На Европа ѝ претстои тешка зима, додека двоцифрената инфлација го погодува регионот. За Германија, земјата со најсилна економија, се предвидува слабеење на автомобилскиот пазар, додека Франција, Италија и Шпанија ќе имаат само мал раст. Велика Британија, каде што продажбата на автомобили е на најниско ниво по 1982 година, во минатиот месец се соочи со највисока инфлација во последните 41 години.

Продажбата на луксузните и скапи возила останува отпорна на сите економски движења, и производителите уште имаат корист од натрупаните нарачки за автомобили, од времето кога фабриките не можеа да ги комплетираат автомобилите, поради недостигот од микрочипови и останати компоненти.

возила 2022 % промена 22/21 возила 2022 % промена 22/21
Volkswagen Group 232,024 +39.9 2,261,496 -11.2
Volkswagen 102,166 +37.4 964,188 -13.3
Audi 52,601 +59.0 493,193 -4.1
Skoda 44,777 +47.5 445,332 -11.7
Seat (+Cupra) 26,005 +29.5 286,668 -19.0
Porsche 6,006 -19.9 66,524 +12.3
Bentley, Lambo, Bugatti 469 +10.4 5,591 +26.1
Stellantis 163,012 -1.8 1,728,623 -14.8
Peugeot 49,486 -6.2 524,447 -14.2
Opel/Vauxhall 32,038 -3.8 362,413 -12.9
Fiat (+Abarth) 30,936 -7.7 331,710 -19.5
Citroen 30,783 +2.5 321,579 -15.6
Jeep 7,557 -4.3 82,476 -25.6
DS 4,331 +36.9 40,426 +17.2
Lancia/Chrysler 3,672 +21.5 34,864 -9.0
Alfa Romeo 3,421 +83.6 25,227 +18.6
Dodge, Maserati, RAM 788 +77.5 5,481 +29.4
Hyundai Group 82,059 -4.9 903,336 +5.4
Kia 42,413 -0.9 468,295 +8.8
Hyundai 39,646 -8.9 435,041 +1.9
Renault Group 82,905 +2.0 849,543 -4.5
Renault 48,041 -5.9 463,576 -16.8
Dacia 34,630 +16.0 383,448 +16.6
Alpine 234 -7.1 2,519 +42.8
Lada
Toyota Group 68,391 +41.7 663,797 +2.3
Toyota 65,326 +46.2 633,532 +4.3
Lexus 3,065 -14.4 30,265 -27.4
BMW Group 64,593 +5.7 654,514 -9.4
BMW 50,962 +5.8 518,919 -10.8
Mini 13,631 +5.6 135,595 -3.9
Mercedes-Benz 50,397 -3.1 528,477 -5.5
Mercedes 49,005 +1.9 512,342 -3.6
Smart 1,392 -64.5 16,135 -42.6
Ford 46,866 +37.8 429,125 -5.3
Volvo 22,141 +2.4 217,842 -9.1
Nissan 19,400 +11.4 191,916 -8.5
Mazda 13,180 +13.2 113,464 -16.6
Jaguar Land Rover Group 8,463 +10.0 101,773 -22.8
Land Rover 7,243 +16.6 80,209 -18.8
Jaguar 1,220 -17.8 21,564 -34.7
Honda 5,836 +7.2 58,490 -1.1
Mitsubishi 4,008 -33.2 45,331 -26.5
Lada 26   705

 

Кинескиот пазар се стеснува за странските електрични автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat Nuova 500 со месеци е најпродаван електричен автомобил во Германија

Volvo во коалиција што бара од владите чекори за заштита на климата