за

Кинескиот пазар се стеснува за странските електрични автомобили

Големите автомобилски концерни беа убедени дека ерата на електромобилноста ќе им ја зајакне доминацијата во Кина, но реалноста излегува сосем спротивна.

Владетелите со автомобилскиот свет во ерата на моторите со внатрешно согорување, концерните од рангот на General Motors или Volkswagen, на големиот кинески пазар, во ерата на електромобилноста мора да се соочат со подредена улога, во споредба со домашните производители на електрични автомобили. Кинеските возачи повеќе сакаат домашно.

Кина одигра клучна улога во поттикнувањето на електричната ера. Сепак станува збор за најголем автомобилски пазар во светот и воедно најголем пазар за електрични автомобили во светски рамки, којшто долги години им носеше огромен раст на странските производители на автомобили. Денес ситуацијата е сменета, а мошне е извесно дека промените во следните години ќе бидат уште поизразени.

Возачките и возачите во Кина повеќе размислуваат дали да купат електричен кросовер од Xpeng по цена од 27.000 долари, или место тоа е подобро да изберат електричен модел на BYD. Или можеби Nio. Марките што на европскиот пазар ни се познати само како име, во Кина се повеќе од реалност. Тоа се „автомобилските марки“ во земјата.

Во ерата на моторите со внатрешно согорување, купувачите на автомобил на пазарот што денес вреди 500 милијарди долари, повеќе се решаваа за модели од странските марки. Во електричната ера, технологијата и напредокот се повеќе на страна на домашните, кинески марки.

Со електричен Seres 3 од изворот на Треска до Скопје

Во првите четири месеци од 2022 година, сите категории возила со „нова енергија“, односно сите чисто електрични и приклучни хибридни автомобили, псотигнале двојно повисока продажба во споредба со лани. Во периодот с епродадени 1,49 милион автомобили на струја.

Уделот на овие автомобили во вкупниот пазар изнесува 23 проценти. Растот на електричните возила се случува во време кога целиот пазар во земјата бележи 12 минус проценти. Тоа всушност покажува дека падот во продажбата на автомобили со обичен погон е енормен.

Меѓу 10-те најголеми производители на електрични и приклучни хибридни автомобили во Кина, нема ниту една странска марка. Единствен исклучок е Tesla, на третото место, со сопствено производство во земјата.

Премиум марките први си го вратија пазарот во Кина
Премиум марките први си го вратија пазарот во Кина

Лидер во електромобилноста е BYD, со 390.000 продадени возила на струја во првите четири месеци од 2022 година. Тоа е трипати повеќе од Tesla, лидер во светски рамки. Од традиционалните производители, највисоко е пласиран Volkswagen, на 15-то место, којшто произведува во рамките на заедничка компанија со групациујата FAW.

Во 1990-те години, странските компании учествуваа на кинескиот автомобилски пазар со 60 до 70 проценти. Во првите четири месеци од годинава, овој удел се смалил на само 52 проценти. Во април, уделот е спаднат на само 43 проценти.

Извршниот директор на Nissan, Макото Учида, предвидува дека некои традиционални марки може да исчезнат од кинескиот пазар во следните три до пет години. Конкуренцијата од кинеските марки е пресилна. „Локалните марки зајакнуваат“, открива Учида, кој претходно беше шеф на Nissan во Кина. Тој посочува и дека квалитетот на електричните автомобили од кинеските марки напредувал значително. Според Учида, напредокот се мери во месеци. „Во Кина ќе се случуваат уште бројни трансформации и мораме да бидеме претпазливи околу ситацаијата“, заклучува јапонскиот менаџер.

Истото мислење го дели и Бил Русо, поранешен директор на Chrysler, сега раководител на консултантска компанија со седиште во Шангај. Тој посочува дека глобалните марки мора брзо да ја сменат ситуацијата во своја корист, бидејќи контролираат помалку од 20% од единствениот пазар во Кина што бележи напредок. Русо: „Кинеските марки победуваат во трката со електричните автомобили.“ Купувачите повеќе избираат автомобили што генерално се како паметни телефони на тркала. Традиционалните марки бавно се приспособуваат на овие промени.

Lotus Eletre: СУВ, електричен, од Кина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat е добра марка за кафе

Tesla оставена осум недели на полнач, сопственикот на одмор