Даниеле Смит, жителка на амстердамското предградие Нев Слотен го пријавила случајот со електричната Tesla, што повеќе од месец и пол „полни“ струја пред нејзиниот куќен праг. Вистинското изненадување следело откако од општината одговориле дека сопственикот на електричниот автомобил е заминат на годишен одмор. Властите не гледаат проблем.
Повеќе од осум недели, Tesla е оставена на полнач пред домот на госпоѓа Смит, во мирно предградие на Амстердам. Дури и очигледно е дека електричниот автомобил долго време не е поместен оттука. Околу приклучокот за полнење се гледа пајажина. Даниел Смит, во изјава за холандските медиуми, коментира дека „тоа е навистина бизарна глетка“.
Сопственикот на електричниот автомобил нема за што да се грижи. Во Амстердам не постои временско ограничување за автомобилот да остане приклучен на полнач. Нема трошок ниту за користењето на полначот, затоа што во предградието на Амстердам, тоа е бесплатно. Од Општината, на медиумите што масовно се заинтересираа за ова случка, наведуваат дека не е проблем тоа што автомобилот е оставен да мирува на полнач долго време. „Имаме богата мрежа од електрични полначи во Амстердам.“
Госпоѓа Смит не може да се начуди: „Ако паркираш на тротоарот, ќе бидеш казнет со плаќање 150 евра, но затоа можеш спокојно да го оставиш автомобилот на полнач“. Ситуацијата е сосем различна во останатите населби на холандскиот град Амстердам. Судот неодамна изрекол казна во висина од 95 евра, за сопственик на електричен автомобил, што го оставил возилото на полнач во населбата Арнхем, иако батеријата била наполнета уште два часа пред да биде пријавен случајот.
Deze Tesla hangt al acht weken aan een laadpaal in Amsterdam: "Bizarre vertoning"https://t.co/1FeUgyppn3 pic.twitter.com/xeu1jDb7Kk
— NH Nieuws (@NHNieuws) May 27, 2022
Од Општината изјавиле дека ќе контактираат со сопственикот на возилото пред домот на Даниеле, по неговото враќање од одмор.
Домашен најверен пример за тоа колку македонските возачки и возачи внимаваат да не зафаќаат место пред електричен полнач. Примерот е од Кочани, двете места беа зафатени, Mini мораше да го качиме на тротоар

Во Гевгелија моравме да чекаме два часа покрај Mini, затоа што имавме паркирано на место резервирано за инвалиди


Во Гевгелија, сепак имаше оставено едно место слободно, веројатно од почит кон грчките туристи

Струмица шампион!

Делчево градиште!

Куманово не смее да не биде слободно

















