Шведскиот производител на автомобили Volvo соопшти дека се приклучува во коалицијата Accelerating to Zero, којашто беше претставена денес во рамките на Конференцијата за климатски промени на ОН (COP27), што се одржува во Шарм Ел Шеик, Египет.
Во рамките на COP27, Volvo Cars ги повика државите да ги забрзаат сопствените мерки за заштита на климата и да постапуваат соодветно на заканата за глобално затоплување.
Коалицијата Забрзување до нула се состои од широка група делничари, коишто се посветени да се забрза преоѓањето во ерата во којашто возилата ќе се движат без да испуштаат штетни материи.
Таа се повикува на Декларацијата од Глазгов, којашто се однесува на возила со нулта емисија на штетни материи и којашто беше донесена во рамките на COP26 во минатата година. Потписниците се обврзуваат да работат во насока, по 2040 година, во светот повеќе да не се продаваат патнички автомобили и доставни возила што испуштаат штетни материи. Од водечките пазари се бара оваа цел да биде постигната пет години порано (Европа, Кина, Јапонија и САД).
Коалицијата се залага да се донесе платформа, којашто ќе ги поттикнува државите да се натпреваруваат во постигнување нулта емисија на штетни материи од возилата. Преку соработката со коалицијата ќе се создаваат вистински услови за да се засили продажбата и користењето на возила со нулта штетна емисија. Од компаниите што имаат голем возен парк, на пример, ќе се бара тие да користат единствено возила што не испуштаат штетни материи. Забрзување до Нула, исто така ќе ја поттикнува и изградбата на мрежа од полначи за електрични автомобили и комбиња.
Извршниот директор на Volvo, Џим Роуен, порачува: „Моторите со внатрешно согорување се технологија од минатото и мора да ги напуштиме, за да се соочиме против најголемата закана за човештвото – климатските промени.“
Директорот на Volvo Cars, Џим Роуен, ќе побара и останатите производители да ја потпишат Декларацијата и да се приклучат во Коалицијата.
2 photos of the artic taken 100 years apart showing the dramatic change in the continent ice cover.
There is no time to waste. No planet B. #ActOnClimate #ClimateEmergency #climate #energy #renewables #GreenNewDeal #cop27 pic.twitter.com/PCuHd9p05L
— Mike Hudema (@MikeHudema) November 17, 2022
Шведскиот производител планира целосно да премине на чисто електрични возила по 2030 година и воедно ќе влијае за автомобилската индустрија забрзано да премине на целосна електрификација.
Volvo пред само една недела го лансираше својот нов знаменосец што вози целосно на струја, EX90. Понатаму секоја година ќе се претставува по еден нов чисто електричен модел.
Осван во коалицијата Забрзување до нула, Volvo Cars членува и во здружението што се состои од преку 200 компании и организации, под името We Mean Business Coalition, којашто исто така ги повикува владите да работат и да постигнуваат повеќе во насока на заштитата на климата.
Досега само 29 од 194 држави имаат ставено потпис по COP26, иако токму тоа е основното барање на климатскиот пакт од Глазгов.
Volvo EX90 е компјутер на тркала и такви ќе бидат сите модели во иднина
















