за

Fiat Nuova 500 со месеци е најпродаван електричен автомобил во Германија

Fiat Nuova 500, односно Fiat 500 Elektro на тамошниот пазар, во октомври повторно беше најпродаван електричен автомобил во Германија, најголем пазар во Европа.

Fiat 500 Elektro продолжува со победничката серија во Германија. Целата автомобилска сцена со месеци го следи успехот на култниот италијански модел, што во земјата на Mercedes, BMW и Audi се продава подобро од кој било друг електричен автомобил.

Во најновата статистика за продажбата на нови возила на германскиот пазар, Fiat 500 Elektro, во октомври повторно беше најпродаван модел со електричен погон. Роберто Дебортоли, директор за марките Fiat и Abarth во Германија, кажува дека „горди сме на тоа, како Fiat 500 Elektro се докажува во средина во којашто постојат силни домашни конкуренти на германскиот пазар. Овој успех е уште една потврда за нашата стратегија, за одржливата урбана мобилност да направиме да биде достапна за секого.“

Fiat го нуди својот модел во класична купе изведба со две врати и како кабриолет. Посебност е изведбата 3+1, со дополнителна мала врата од совозачката страна, без средишен столб, којашто овозможува полесен пристап до задните седишта. Може да се избира меѓу две големини на батеријата. Со поголемата батерија, со капацитет од 42 kWh, може да се постигне досег до 320 километри.

Fiat веќе 100 години е присутен на пазарот во Германија. Италијанскиот производител често се повикува на „долче вита“, на времето на слаткото живеење во 1950-те и 1960-те години, воедно време на историскиот Fiat 500. Таа духовна врска на култниот модел од Торино, што се пренесува и кај новите генерации на „500“, очигледно е добредојдена во нашиве времиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fiat Italia (@fiat_it)

Продадени примероци од електрични модели во Германија, во октомври 2022

AUDI E-TRON 1,141
FIAT 500 2,363
HYUNDAI IONIQ5 1,100
HYUNDAI KONA 1,108
OPEL MOKKA 1,531
SEAT BORN 1,140
TESLA MODEL 3 1,563
TESLA MODEL Y 1,622
VW ID.3 2,160
VW ID.4, ID.5 2,115

Денес е на струја: Погоните се менуваат, Fiat 500 останува

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Петтата Toyota Prius станува спортска лимузина со хибриден погон

Европа купи за 14% повеќе возила во октомври, економијата прави неизвесност