за

Неисправни возила се враќаат на патиштата, предупредуваат Британците

Неисправни возила се враќаат на патиштата предупредуваат Британците
Неисправни возила се враќаат на патиштата предупредуваат Британците

Возачите во Велика Британија добија продолжување на важноста на техничкиот преглед за шест месеци, поради корона-кризата. Станиците за технички преглед бараат возачите да бидат одговорни и да не се вклучуваат во сообраќај со неисправни возила.

Истражување спроведено од најголемата мрежа од станици за технички преглед во Велика Британија открива дека повеќе од еден милион технички неисправни возила ќе се вратат на патиштата, по разлабавувањето на мерките за ограничено движење во земјата. Претходно, властите во земјата одобрија продолжување на важноста на техничкиот преглед на возилата за шест месеци.

Според процените на мрежата Квик Фит, близу 1,1 милион возила што сега се враќаат во сообраќај, не би поминале на технички преглед. Од овие возила 316.000 возила би имале опасни дефекти доколку сега се појават пред контролорите, додека кај останатите 780.000 возила ќе мора да се отстрануваат големи дефекти.

По донесувањето на мерката за продолжување на важноста на техничкиот преглед на 30-ти март, само 24 проценти од возилата извршиле обновување на регистрацијата во редовниот рок

Законите во земјата бараат сопствениците да се грижат за исправноста на возилото. Контролорите на Квик Фит сепак ценат дека половината од возачките и возачите ќе го користат продолжувањето на важноста на регистрацијата до крајот на рокот, односно до крајот на септември.

Главнината од возачите (71%) оценуваат дека властите треба да го укинат продолжувањето на важноста на регистрацијата. Според владините процени, сообраќајот се вратил на половина од претходниот обем.

Сепак останува одреден круг возачки и возачи кои сметаат дека продолжувањето на важноста треба да се испочитува до крај. Според истражувањето на Квик Фит, „главната причина поради којашто луѓето ќе ја искористат продолжената важност на регистрацијата до крај, е тоа што се убедени дека нивниот автомобил е безбеден“.

Искуството на Квик Фит сепак вели поинаку. Голем број возачки и возачи што веруваат дека автомобилот е безбеден, всушност возат автомобил со опасни или сериозни дефекти. „Техничкиот преглед е клучна гаранција за безбедноста на тие возачи, исто како и на сите корисници на патиштата“, заклучуваат британските автомобилисти.

Британија го одложи техничкиот преглед на возила за 6 месеци

технички преглед британија одложен

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Jetta во април постигна 13.500 продажби во Кина

Jetta во април постигна 13.500 продажби во Кина

renault zoe vulog

Унгарија издвои 14 мио. € за субвенции за електрични возила