за

Jetta во април постигна 13.500 продажби во Кина

Jetta во април постигна 13.500 продажби во Кина
Jetta во април постигна 13.500 продажби во Кина

По осум месеци откако Volkswagen стартуваше со новата марка Jetta на кинескиот пазар, потегот се покажува мошне успешен. Марката е позиционирана во најдостапниот пазарен сегмент и тоа привлекува широк круг купувачи, особено во време кога расте интересот за поседување сопствен автомобил.

Jetta е моделско име со вредна традиција на овие простори, а моментно се користи за лимузината од компакт класата што се продава во САД. Но, Jetta постои и како засебна марка на Volkswagen – во Кина. Во април, на најголемиот пазар во светот беа испорачани 13.500 возила од марката, што во споредба со главната марка на концернот, позиционирана е слично кaко Dacia во однос на Renault.

Потегот со нејзиното основање, направи Jetta да има еден од најбрзите стартови на нова марка на кинескиот пазар. Од јануари до април, во земјата се продадоа вкупно 38.000 возила под оваа марка.

Поради пандемијата, зголемен е интересот за поседување сопствен автомобил и за избегнување на јавниот превоз, како и на краткотрајните изнајмувања на возило. Jetta се обраќа токму на тој круг купувачи, што се подготвени првпат во животот да поседуваат сопствен автомобил. Понудата се состои од една лимузина и два СУВ-модели.

Во време кога целиот пазар во Кина се намали за третина поради пандемијата, Jetta имаше пад од само десетина проценти

Откако стартуваше продажбата на марката Jetta во Кина, во септември 2019 година, вкупно се испорачани 81.000 возила. Во првите четири месеци од годинава, како последица од корона-пандемијата, продажбата се намалила само за 12 проценти, во споредба со периодот од септември до декември лани. Во исто време, целиот пазар во земјата се смали за 30 проценти. Jetta во кризата го зголеми своето пазарно присуство.

Основниот ценовен сегмент учествува со една третина во вкупниот пазар во Кина. Четири од пет купувачи во овој сегмент првпат во животот поседуваат сопствен автомобил. Тоа е основниот круг на купувачи на Jetta, кои доаѓаат главно од градските средини.

Jetta првпат како автомобилска марка на салонот во Шангај

Jetta VS5

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бизнисот на Nvidia расте повторно, овојпат не од автомобилите

Бизнисот на Nvidia со голем пораст, овојпат не е од автомобилите

Неисправни возила се враќаат на патиштата предупредуваат Британците

Неисправни возила се враќаат на патиштата, предупредуваат Британците