за

Jetta првпат како автомобилска марка на салонот во Шангај

Jetta VS5

Новата марка на Volkswagen со нам добро познатото име Jetta доживеа светска премиера на салонот во Шангај. Марката ќе биде присутна само во Кина и ќе освојува нов круг купувачи за германскиот концерн. Првиот модел е Jetta VS5, дизајниран е во Волфсбург.

Се сеќаваме уште на Jetta? Лимузинската изведба на Golf за голем круг купувачи ширум регионов беше најдобриот автомобил што постои, во 1980-те и 1990-те години. Jetta денес постои како модел во САД, но отсега и како марка, во Кина. Марката е создадена во февруари годинава во Волфсбург, како најнова во портфолиото на германскиот концерн. Продажбата на првиот модел на Jetta ќе стартува наесен.

Дизајнот непогрешливо укажува на германското потекло, зашто стратезите во концернот ценат дека тоа ќе биде силен аргумент за автомобилот пред кинеските возачки и возачи. Целта на марката е да привлече нов круг купувачи. Тоа ќе бидат првенствено млади лица, кои првпат купуваат автомобил. Jetta ќе има посебна дилерска мрежа и посебно лого.

Jetta VA3
New item by Automedia MK / Google Photos

Моделската понуда во почетокот ќе ја сочинуваат лимузината VA3 и СУВ-моделите VS7 и VS5. Прв од фабриката на FAW-Volkswagen во Ченгду ќе стартува VS5. Првото појавување на марката пред кинеската публика наиде на позитивни реакции, особено меѓу младите купувачи, кои не пропуштија да се сликаат покрај возилата.

New item by Automedia MK / Google Photos
Jetta VS7
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
Jetta VS5
New item by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault City K-ZE

Renault ја претстави електричната „Dacia“ во Шангај

kia ceed 1.0 t-gdi black pack

Новиот Kia CEED сега достапен и со 1.0 T-GDi мотор во Black Pack едиција