Porsche за шест месеци испорачал 116.964 возила

Porsche 911 Targa 992
Porsche 911 Targa 992

Во првите шест месеци од годината, Porsche им испорачал 116.964 возила на своите клиенти ширум светот. Корона-кризата и вонредното затворање на продажните салони на спортската марка доведоа до намалување на продажбата за 12 проценти во споредба со истиот период лани.

Најпродаван модел на Porsche бил Cayenne со 39.245 примероци. По него следи уште еден СУВ, Macan, со мал заостаток и со вкупно 34.430 испорачани примероци до јуни. Со 16.919 примероци и со зголемување од 2 проценти во споредба со 2019 година, спортската икона Porsche 911 докажува дека популарноста на моделот останува на високо ниво.

Одлични бројни и за електричниот Taycan. Во првото полугодие, Porsche испорачал 4.480 примероци од спортскиот модел на батерија.

Европа е втор најголем пазар за Porsche, прва е  Кина

Позитивен е пазарниот тренд во регионот на Азија и Пацификот, во Африка и на Блискиот Исток. Porsche за шест месеци таму испорачал 55.550 возила. Кина останува најголем единечен пазар за марката од Цуфенхаузен. Силни пазари во тој регион се Кореја, со 4.242 и Јапонија со 3.675 возила. Продажбата на Porsche во тие земји забележила двоцифрен пораст.

Во Европа биле испорачани 32.312 возила, додека меѓу јануари и јуни, на пазарот во САД имало 24.186 клиенти на коишто им пристинал новиот автомобил од Porsche.

>>> Porsche 911 Turbo за 45 години порасна 320 КС

porsche 911 turbo 992

Претходна објаваГермански градови со почист воздух поради намалениот сообраќај
Следна објаваLexus ги повикува најталентираните дизајнери од цел свет

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here