за

Porsche 911 Turbo за 45 години порасна 320 КС

porsche 911 turbo 992
porsche 911 turbo 992

Кралската класа на Porsche почнува со 580 КС. Толку постигнува стандардната изведба на 911 Turbo. Послабата моќност во споредба со Turbo S речиси не се забележува во перформансите.

По претставувањето на 911 Turbo S, следен на ред е новиот 911 Turbo. Шестцилиндарскиот боксер од 3,8 литри, со две турбини со променлива геометрија постигнува 580 КС. Тоа се четириесет коњски сили повеќе од претходникот, а воедно 70 КС помалку од Turbo S. Помалку коњски сили значат и помалку евра.

Со 180.811 евра, цената на „обичниот“ 911 Turbo на германскиот пазар е за над 30.000 евра пониска во споредба со Turbo S. Тоа е повеќе од половина од цената на основната моделска изведба на Cayman, односно толку чини и одлично моторизиран и опремен Golf 8. По традиција, покрај купето се нуди и кабриолет изведба.

Возачите на Turbo ќе уживаат во перформанси што се одвај послаби од „Turbo S“. Со своите 580 КС и со максимални 750 њутнметри, 911 Turbo спринтува од место до темпо сто за 2,8 секунди. Тоа е разлика од само една десетинка во споредба со Turbo S со неговите 650 КС. Крајната брзина изнесува 320 km/h, што пак е незначително послабо од 330-те километри на Turbo S. Погонот на сите тркала и осумстепениот менувач со двојна спојка се стандард кај двата модели. Димензијата на гумите, со 255/35 R20 напред и 315/30 R21 назад исто така не е сменета.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со доплата може да се добијат спортски пакет и пакет со лесна конструкција, кој ја смалува тежината за 30 килограми, со школкести седишта, отстранета задна клупа и помалку изолација. На тоа може да се додадат спортско подвозје спуштено за 10 милиметри и спортски издув. По желба на клиентот, Porsche ќе вгради и керамички дискови со десетклипни сопирачки клешти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes ја подготвува фабриката во Јужна Африка за новата C-Class

Mercedes ја подготвува фабриката во Јужна Африка за новата C-Class

fisker ocean vozenje

Fisker Ocean ја користи електричната MEB-платформа на Volkswagen