Група врвни германски техничари и инженери отпатуваа со авионски лет за Јужна Африка. Експерти на Mercedes беа меѓу патниците, кои ќе бидат задолжени да ја подготват тамошната фабрика на Mercedes за производство на актуелната генерација на C-Class.
Десетици специјалисти, инженери и техничари денес допатуваа во Јужна Африка со специјален авионски лет од Германија. Експертите имаат задача да извршат проверка во погоните на германските концерни во земјата, меѓу кои се Siemens, Voith и Daimler. Производствените погони долго време останаа без редовното одржување, поради забраната од патување во услови на пандемија, и сега ќе мора да се преземат тие активности, вклучувајќи и монтажа на нова опрема и машини.
Првпат по март, во земјата смеат да влезат странски патници, без карантинот што го пропишува државата. Во реализацијата на специјалниот лет во овие вонредни услови учествувала и германската амбасада, во соработка со комората за надворешна трговија. Од интерес е за Јужна Африка, овие експерти да помогнат во одржувањето на погоните на германските компании, со цел стопанството во земјата да заживее повторно.
Меѓу експертите се наоѓа и тим на Mercedes којшто ќе асистира за фабриката во Ист Лондон да се подготви за производство на актуелната C-Class за пазарот во Јужна Африка и пошироко.

На источниот ‘рт на Јужна Африка се произведува лимузинската изведба на C-Class за извоз и за локалниот пазар, вклучувајќи и верзија со волан од десната страна. Лани во оваа фабрика во Јужна Африка биле произведени 80.000 возила.
Јужна Африка на крајот на март воведе строги ограничувања во борбата против корона-вирусот, затворајќи ги границите и прекинувајќи ги комерцијалните летови. По внимателното разлабавување на ограничувањата, од минатата недела повторно важи строг режим, откако беше забележано нагло зголемување на бројот на заболени во економскиот регион околу Јоханесбург. Покрај забрана за излегување ноќе, во земјата повторно важи и забрана за алкохол. Меѓународните летови остануваат во прекин.
https://www.instagram.com/p/BfYXXDShqxp/
https://www.instagram.com/p/zAVFqByuEZ/















