за

Porsche 911: „Олдтајмерот“ што има седум нови генерации зад себе

Porsche 911 (992)

Дизајнерите на марката во Цуфенхаузен направија новиот Porsche 911 да биде побрз, поуправлив и позабавен од кога било досега. Секако дека заслугите за оваа автомобилска легенда никогаш не произлегувале од дизајнерите. Porsche 911 е плод на работа на германски инженери и ништо повеќе – или помалку. Осум генерации нема ниту Golf. Барем не уште

Историјата повторно почнува од ново за Porsche 911. И не само за Porsche. Спортскиот автомобил што веќе во осма генерација ги чува темелите на марката и сега се води под фабричкиот код 992, доби незначително поголема каросерија, но и натаму е лесно препознатлив како 911. Нема промени ниту во основниот концепт, со шестцилиндарски боксери зад задната оска и со погон назад. По синоќешниот спектакл, првото појавување на новиот Porsche 911 пред пошироката публика ќе се случи на салонот во Лос Анџелес, кој почнува на 30-ти ноември и трае до 9-ти декември.

Предниот дел, со многуте отвори за воздух и со нагласените крила, оддава многу подинамичен впечаток во споредба со претходникот. Ширината на каросеријата порасна за 4,5 сантиметри. Повеќе се забележува тоа што предната хауба повторно има класична форма и речиси се спојува со браникот. Бандажите имаат различен пречник: Напред 20 инчи, назад 21 инч.

Porsche 911 (992) premiera 10am#

Детал што прераснува во стандард кај престижните модели се впуштените рачки на вратите. Промени има и во задниот спојлер, којшто отсега ќе се поставува во повеќе различни положби и значително е поширок. Под спојлерот е светлосниот појас по целата ширина на каросеријата, со натпис на марката по пример на студијата Mission E.

По сите досегашни генерации, првпат може да се забележи дека Porsche 911 изгледа убаво – а тоа најмалку решава за успехот и култот на овој „супермодел“

Задниот браник не е толку испрекршен како при последното моделско освежување на спортското купе. Долната половина од браникот е изведена како црна основа што ги спојува во целина регистерската таблица, двете издувни цевки, отворите за ладење и светлата за позиција.

Во внатгрешноста се следени истите начела како при освежувањето на каросеријата, а тоа значи дека се преземани само мали зафати во традиционалниот стил. Средишниот дисплеј со дијагонала од близу 28 сантиметри е поставен многу повисоко отколку кај претходникот. Под него се наоѓаат пет прекинувачи за основните функции.

Porsche 911 (992) premiera 8am#

Традиционалистите можат да здивнат, затоа што инструментите го задржаа аналогниот принцип. Тоа, сепак, важи само за масивниот бројач на вртежи, кој доминира над останатите инструменти и работи со класична стрелка. Лево и десно од него се наоѓаат два дисплеја, коишто на возачот му ги прикажуваат потребните информации. Како ново поле за критики може да се покаже рачката на новиот, осумстепен менувач со двојна спојка, чиишто димензии се сведени на минимум.

Кој очекувал автопилот во германскиот „nine-eleven“, ќе биде разочаран

Многу новитети има во подрачјето на инфо-забавните системи и во конективноста. Целосното ракување со системот PCM го презема средишниот дисплеј од 10,9 инчи. Навигацијата со онлајн поврзување дозволува Porsche 911 да комуницира со останатите возила и да разменува податоци.

Во подрачјето на навигацијата и мобилните услуги има два новитета. Едниот е Road Trip, како помош при планирањето на турите, во поглед на организирањето и навигацијата, со тоа што посочува на избрани хотели, ресторани, пејзажи и знаменитости. Вториот новитет е таканаречениот асистент за животен стил, за кого што Porsche засега на открива детали, но ветува „ексклузивни доживувања и голема помош во секојдневието“.

Porsche 911 (992) premiera 6am#

Безбедосната опрема стандардно вклучува режим за возење по влажна подлога, кој го предупредува возачот додека почнува да врне и соодветно ги приспособува системите за асистенција. На списокот на опција се наоѓаат систем за ноќно гледање со термо-камера, приказ на возилото во 360 степени или приспособлив темпомат, кој самостојно поаѓа и запира при застој.

Спринтот до сто е скусен за четири десетинки – во најдоброто сценарио, со пакет Chrono, првата задача на секој спортски втомобил е завршена по 3,5 секунди; Притоа станува збор за второто скалило, не за 911 Turbo

Засега Porsche наведува само еден мотор од понудата од погонски единици. Porsche 911 Carrera S добива екстра 30 КС од претходникот и отсега вози со 450 КС. Моторот е истиот шестцилиндарски боксер како досега, со турбонатполнење и работна зафатнина од 3,0 литри, но е преработен. Моќноста се испорачува до задната оска, спринтот до темпо сто трае 3,7 секунди, крајната брзина изнесува 308 километри на час.

Во варијантата со погон на сите тркала, односно во 911 Carrera 4S, екстра тракцијата го скусува спринтот за една десетинка, но затоа крајната брзина е за 2 km/h пониска. Со опционалниот пакет Chrono, спринтот се скусува за уште две десетинки.

Porsche 911 (992) premiera 5am#

Салоните веќе примаат нарачки за новиот Porsche 911, но купувачите ќе ги добијат своите возила дури во средината на следната година. Цената за основната изведба на Porsche 911 Carrera S на германскиот пазар изнесува 120.125 евра, додека 4S чини околу осум илјади евра повеќе.

Наскоро треба да бидат објавени цените и достапноста на стандардната Carrera, којашто веројатно ќе стартува околу 15.000 евра под Carrera S. Вистинското проширување на гамата ќе следи дури со Turbo, GT3, како и со кабриолет и тарга каросериските изведби, кои ќе следат подоцна.

https://www.youtube.com/watch?v=iVmQ21Fcxwk

[FAG id=36203]

Porsche ќе вложи 6 млрд. € во електрични автомобили

Porsche 911 GT2 RS MR го извозе Нирбургринг за рекордно време

Златното Porsche му вреди 2,7 милиони евра на новиот газда

Кавалкада на Porsche го полираше македонскиот асфалт

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bentley Continental GT Convertible

Bentley за луксузирање на чист воздух

Dodge Challenger SRT Hellcat Redeye

Диносаурус во ера на андроиди: Dodge Challenger SRT Hellcat Redeye