за

Диносаурус во ера на андроиди: Dodge Challenger SRT Hellcat Redeye

Dodge Challenger SRT Hellcat Redeye

Како да се врати привлечноста на еден автомобилски моќник што се чини дека е пред изумирање, додека електричните автомобили стануваат побрзи и посилни од него? Логично, тој треба да стане уште помоќен и уште побрутален. Исто како Dodge Challenger SRT Hellcat Redeye

Светот почнува да живее со електричните автомобили, грижата за животната средина повеќе не е само фраза туку е манир, се чека како луѓето ќе реагираат кога ќе почнат да ги возат автомобили управувани од компјутер. Колку ли светот на мобилноста ќе изгледаше здодевно во блиска иднина, да не познававме една автомобилска сорта, од чие рикање се создава краток спој во батериите на електромобилите, што остава траги насекаде околу себе, и којашто вештачката интелигенција ја смета за виц.

Dodge Challenger SRT Hellcat Redeye 5am#

Таков е Dodge Challenger Hellcat Redeye со своите 808 КС. „Црвеноокиот“ можеби го добил прекарот затоа што од неговата моќ при забрзување пука по некој капилар во очите. Тоа е само едно можно објаснување, но е неточно. Повеќе се мисли на лошиот дух, на нечестивиот. Овој Dodge Challenger е ѓаволот лично, престорен во автомобил.

Производителот постојано ја зголемува моќноста, возачите никако да кажат доволно – основното мото на Dodge Challenger SRT Hellcat Redeye

Dodge Challenger во меѓувреме живее во својата трета генерација, која се произведува повеќе од десет години, без позначајни промени. Тајната на успехот е во тоа што производителот постојано ја зголемува моќта на моторот, а тоа ги привлекува купувачите, кои се ненаситни по коњски сили.

Chrysler во последниве години се обидува да го врати сјајот на својата „ковачница за брзи автомобили“ со име Mopar, како во 1960-те години, во ерата којашто ги исфрли култните мускулести автомобили отаде големата бара. Последната голема ескалација на моќност се случи со серијата на Challenger Demon, којашто беше ограничена на 3.300 примероци – и подобро што се произведе во ограничен број, покрај 852-те КС под хаубата.

Dodge Challenger SRT Hellcat Redeye 2am#

Откако престана производството на „оригиналниот“ Demon, на фановите им остана верзијата Hellcat со своите 717 КС. Тоа им се виде премалку на Американците. Така се роди Redeye, со зголемена моќност, но и со плус техника, заради постигнување подобри возни својства. Преправката опфаќа и проширена трага на тркалата, заедно со соодветно проширени крила. Сосем важно, на бандажите широки 11 инчи, монтирани се гуми од 305 милиметри.

Средишниот дел од светлата има многу „покорисна“ функција отколку да го осветлува патот

Моторот V8 6,2 Hemi од Hellcat, го доби поголемиот компресор од Demon, заедно со посилни клипници и клипови, нови брегасти вратила и преработено напојување со гориво. Пониската силина во споредба со Demon произлегува од разликите во системот за вшмукување. Тоа го објаснува и чудниот изглед на светлата од внатрешната страна. Средниот дел од левото внатрешно светло всушност е вшмукувачка инка за филтерот за воздух, додека од десното светло води канал што го снабдува компресорот со воздух. На тоа следува и масивна двојна грбка на хаубата.

Dodge Challenger SRT Hellcat Redeye 4am#

Вредностите на спринтот и на крајната брзина докажуваат дека сите 808 КС се на број под хаубата. Забрзувањето до 60 милји на час или 96 km/h трае 3,4 секунди, а истото престанува дури на 327 km/h. Како најверодостоен претставник на сортата мускулести автомобили, автоматикот е изведен да префрли еден степен подолу уште при најнежно притискање врз гасот, а ако тој чин се изведе погрубо, може да се очекува кусо лизгање на опашот. Контрола на стабилноста постои, од причина што веројатно останал празен ред на листот со технички податоци.

Во средината од којашто потекнува, важна е само една вредност: Времето на четвртина милја. Dodge ги вози 402-та метри за 10,8 секунди и на крајот постигнува 211 km/h. Тоа е за 1,15 секунда послабо од Demon. Посебно за „драг-стрипот“ е наменета програмата „Line Lock“. Во неа се блокираат предните тркала, за пилотот да може да ги „подзапали“ задните гуми.

Програмата за секојдневно возење низ град ја смалува моќноста на моторот на 500 КС

За контролата врз моќноста да се олесни, решение е да се вклучи специјалната програма, во којашто Hemi испорачува само 500 КС. Покрај тоа, Dodge го испорачува автомобилот со два различни клуча. Со црвениот во бравата може да се постигне целосната моќ, додека со црниот клуч следуваат само петстотини КС.

Dodge Challenger SRT Hellcat Redeye 9am#

Четирите програми на возење – Track, Sport, Custom и Auto – ја менуваат силината на сервоподдршката, чувствителноста на менувачот, тврдоста на амортизерите и реакцијата на педалата за гас. Во автоматската и во „кастом“ програмата, Redeye се претвора во кроток крстосувач.

Во споредба со обичниот Challenger со цена од 27.295 долари и 309 КС, Redeye чини најмалку 72.745 долари. Разликата е солидна дури и во споредба со SRT Hellcat со 727 КС, кој се цени на 61.745 долари. Моделот официјално не се нуди на европскиот пазар, продажбата ја преземаат само специјализирани трговци за автомобили од САД.

Технички податоци · Dodge Challenger SRT Hellcat Redeye

Мотор V8 90°, зафатнина 6.166 cm3, пречник и од 103,9 x 90,9 mm, 16 вентили, компресија 9,5:1, моќност 595 kW (808 КС) при 6.300/in (со 91-октански бензин), вртежен момент 959 Nm при 4.500/min Погон и пренос Погон назад, автоматски менувач Torqueflite 8HP90 со 8 степени, Подвозје Предни тркала со горна триаголна водилка, надолжни и дијагонални водилки долу, двозглобна врска, амортизери Bilstein, 34 mm стабилизатор; водење на задни тркала со пет водилки, амортизери Bilstein, 22 mm стабилизатор; сопирачки Brembo, напред 390 x 34 mm, шестиклипни сопирачки клешти, назад 350 х 28 mm, четириклипни сопирачки клешти; Пневматици Pirelli Pzero 305/35ZR20 Димензии Д х Ш х В 5.016 х 1990 х 1460 mm, меѓуоскино растојание 2.950 mm, ширина на трага напред/назад 1.667/1.618 mm Тежини и зафатнини Празно возило 2038 kg (2015 kg без задна клупа), резервоар 70 литри, багажник 459 литри Производство Онтарио, Канада

[FAG id=36222]

https://youtu.be/6bhTBxsiMWg

Старата фабрика за Dodge Viper станува музеј

Овој Dodge Charger на продажба го возеле светски ѕвезди

Вака Американците оценија 31 автомобилска марка според квалитетот

Тие се како Golf и Caddy за Американците

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche 911 (992)

Porsche 911: „Олдтајмерот“ што има седум нови генерации зад себе

Mazda 3 cetvrta generacija premiera

И во Mazda имаат нова „тројка“ за фалење