за

Тие се како Golf и Caddy за Американците

Volkswagen Atlas

Ако се направи споредба со тукашните стандарди, Volkswagen Tanoak Concept и Atlas Cross Sport за Американците се истото што Golf и Caddy се за европските купувачи

Многу вести пристигаат деновиве од другата страна на океанот, што е знак дека таму започна автомобилската недела во Монтереј. Традиционалниот собир во сојузната држава Калифорнија опфаќа најразновидни настани, вклучувајќи трки со историски олдтајмери и наддавање за олдтајмери вредни десетици милиони долари.

Volkswagen Tanoak Concept и Atlas Cross Sport не се ниту скапи олдтајмери, а уште помалку се наменети за тркачкиот асфалт, но затоа производителот има намера со нив да биде колку е можно поприсутен на американските улици. Затоа, концептот којшто го најавува идниот пикап и СУВ-купето кој е на праг на сериско производство, можеме да ги водиме како американски Golf и Caddy. Пикапите се омилена „автомобилска“ форма на Американците, додека СУВ-овите со петметарски формат се гледаат како компактен семеен автомобил.

Volkswagen Tanoak Concept, Atlas Cross Sport nazad

Atlas Tanoak и Atlas Cross Sport имаа премиера на терените за голф во престижното калифорниско престојувалиште Пебл Бич. Двата модела се базираат на седумседот Atlas. Сериското производство на СУВ-купето ќе стартува в година. Во концептната верзија на моделот работи плагин-хибриден погон со 360 КС и можност за возење на струја до 40 километри. Втората верзија на концептниот автомобил располага со обичен хибриден погон, без можност за надворешно полнење на батеријата и со моќност од 314 КС.

За пикапот уште нема конкретни најави. Моторот е „класичен“ V6 со 280 КС. Atlas Tanoak е всушност прв пикап на Volkswagen врз база на модуларната платформа MQB. Пикапот е идентичен со СУВ-купето до средишниот столб. Рачките во задните врати се сокриени во задните столбови. Името на концептниот пикап потекнува од вид дрво на брегот на Пацификот, коешто достигнува висина до 45 метри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

градови против укинување стандарди за возила со почист издув

Градовите во САД сами се изборуваат за возила со почист издув

BMW Z4 roadster

BMW Z4 премиерно прикажан во калифорнискиот Пебл Бич