за

Тркачко Porsche со врати изработени од коноп и лен

Porsche 718 Cayman GT4 Clubsport

Пред три години Porsche го претстави првиот Cayman GT4 Clubsport за тркачки аматери. Сега дојде ред за генерациска смена, со новиот 718 Cayman GT4 Clubsport. Техничарите во Вајсах ги подобрија возните својства и го скусија времето на круг, а се користени и нови материјали. Навистина нови материјали!

Porsche 718 Cayman GT4 Clubsport е прв тркачки автомобил од сериско производство, со каросериски делови од биокомпозити. Вратите и задниот капак се изработени од природни влакна, кои првенствено се добиваат од земјоделски отпад, како коноп и лен. Овие компоненти имаат речиси иста тежина и цврстина како да се изработени од карбон.

Со фабрички вграден ролбар, Porsche 718 Cayman GT4 Clubsport тежи 1,.320 килограми, што е „суперлесна категорија“

Моторот е 3,8-литарски шестцилиндарски боксер со 425 КС при 7500 вртежи во минута, што е 40 КС повеќе од претходникот. Погонот е на задната оска, преносот е преку шестстепен менувач со двојна спојка, механичка блокада на задниот диференцијал се подразбира. Предната оска со лесна конструкција потекнува од 911 GT3 Cup. Сопирачките дискови имаат тркачки формат, со пречник од 380 милиметри и на предната и на задната оска. Со 1.320 килограми, вклучувајќи го стандардниот ролбар, GT4 Clubsport е „лесна категорија“.

New item by Automedia MK / Google Photos

Германците нудат две изведби. Едната е Trackday, за тркачи аматери, кои сакаат да учествуваат на приватни трки и клубски средби. Амортизерите не се дотеруваат, а сите електронски контроли во подвозјето може да се исклучат. Клима уред е стандард, покрај отвор за спасување во покривот, противпожарен апарат и специјален резервоар од 80 литри. Цената од фабрика изнесува 134.000 евра.

Втора е верзијата Competition, со амортизери со три позиции, безбедносен резервоар од 115 литри кој одговара и за тркачки маратони, со безстепено дотерување на балансот на сопирачките на предната и задната оска. За брзо време во бокс се грижат вградените пневматски дигалки, исто како и остранливиот волан од 911 GT3 R, со цел спектар можности за дотерување. Цената е 157.000 евра, без данок.

Претходникот се продаде во 421 примерок. Испораката на новакот, во двете верзии, стартува во февруари.

Alpine добар колку Porsche: Споредбен тест на Ауто Билд

Porsche гради 90-метарска висококатница во Штутгарт

Porsche Panamera мора во сервис: Апдејт за сервото

Електричен камион носи делови за електричниот Porsche

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo XC40 test

Тест: Volvo XC40 D4 Momentum

Suzuki Swift prodazba

Suzuki Swift со титула на автомобил на годината во Индија и двомилионска продажба