Околу 75.000 примероци од актуелната генерација на Porsche Panamera мора кусо да ја посетат сервисната работилница. Таму ќе се вчита нов софтвер за електричната сервоподдршка за управувањето
Ново програмирање на контролниот уред на електричната сервоподдршка за управувањето. Така пишува во работниот налог на сервисерите на Porsche, кога 74.585 сопственици на Panamera ќе пристигнат во рамките на сервисниот повик. Возилата се произведени меѓу 21-ви март 2016 и 6-ти декември 2018 година.
Поради софтверска грешка, постои опасност дека електричната подршка за управувањето ќе престане да функционира во одреден временски период. Во тој случај, возачот ќе мора да примени поголема сила за вртење на воланот. За тоа да се спречи, соодветната контролна единица мора превентивно да се програмира одново, односно мора да се вчита нов софтвер.
Сопствениците на возилата на коишто се однесува сервисниот повик ќе добијат покана во најкус можен рок да побараат центар на Porsche. Посетата во сервисната работилница ќе трае околу еден час и сосем е бесплатна за клиентите на спортската марка.
Електричен камион носи делови за електричниот Porsche
Porsche 911: „Олдтајмерот“ што има седум нови генерации зад себе
Porsche ќе вложи 6 млрд. € во електрични автомобили
Porsche 911 GT2 RS MR го извозе Нирбургринг за рекордно време
















