Дисплеј поставен пред основно училиште во полското гратче Хотча-Јозефув го привлече вниманието далеку надвор од границите на земјата. На дисплејот се прикажува моментната брзина на возилата, но и висината на казната што би следела доколку во моментот има сообраќајна контрола на местото.
Сообраќајната полиција во гратчето Хотча-Јозефув во Мазовското Војводство во Полска редовно ги обучува учениците за правилно да се однесуваат во сообраќајот и да внимаваат на сопствената безбедност. Во соопштението од полицијата се наведуваат и бројни превентивни мерки, кои имаат за цел да се постигне висока безбедност на децата во подрачјето на училиштата.
Во таа насока, една идеја на локалните власти може да биде искористена и во многу пошироки рамки. Идејата е многу едноставна. По сообраќајниот знакот на којшто се наведува брзинското ограничување, во конкретниот случај 40 km/h, следи дисплеј кој ја прикажува радарски измерената брзина на возилото што наидува. Во случај таа да е над дозволеното, веднаш на дисплејот се прикажува и висината на паричната казна, како и бројот на казнени бодови што ќе се впишат во возачката дозвола.
Во случај на местото сепак да има сообраќајна контрола, возачите ќе ја дознаат казната и без дисплејот.
https://photos.app.goo.gl/QuZ6758GqtzgCrWs6
















