за

Првпат полначи за струја заедно со обични пумпи на аутобанот

Четири полначи за струја за електрични автомобили се најдоа за првпат под ист покрив заедно со обични пумпи за точење гориво на германскиот аутобан.

На делницата А4 од германскиот аутобан, на одморалиштето Вератал Зид во близина на гратчето Херлесхаузен, денес почна ново сметање на времето. Возачите на електрични автомобили ќе можат да ја наполнат батеријата на своето возило исто како да е со класичен погон, со запирање покрај пумпа.

Полначите се поставени покрај обичните пумпи за гориво. Овој досега единствен случај на германскиот аутобан го овозможуваат самите полначи – станува збор за т.н. High Power Charger (HPC), полначи со екстра висока моќност.

Полначите на станицата што е дел од мрежата Tank & Rast се набавени со учество на Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфрастуктура, со Министерството за сообраќај, економија, енергија, сообраќај и живеење на сојузната покраина Хесен, како и со партнерот EnBW.

Поставени се четири полначи, со осум прикучоци за полнење. Струјата е од обновливи извори, а моќноста на најсилните верзии изнесува 300 kW. Енергија за 100 километри пат, на овие полначи се акумулира за само пет минути.

Политиката сака на овој начин да ги поттикне возачите што размислуваат околу преоѓање на електричен погон

Штефен Билгер, државен секретар за сообраќај и дигитална инфрастуктура, цени дека „електричните полначи во Вератал Зид јасно покажуваат дека електромобилноста брзо го достигнува рангот на класичните погонски видови“. Според германскиот функционер, тоа е важен сигнал за сите што сакаат да се префрлат на електромобилност.

На аутобанот моментно се наоѓаат 360 локации кои поседуваат брзи полначи за струја, а веќе се планира следното големо проширување. Само во мрежата на Tank & Rast стојат на располагање 790 полначи, со моќност од 50, 150 и 350 киловати.

На станицата во Вератал Зид се поставени фотоволтаички колектори со површина од 300 метри квадратни, пои покриваат четвртина од потребата за струја.

Bestes Wetter und wir freuen uns schon! Gemeinsam mit unserem Partner EnBW stellen wir heute in Werratal Süd an der A4 eine tolle Neuigkeit vor. Die Vorbereitungen laufen … Mehr dazu gleich.

Posted by Tank & Rast on Monday, September 14, 2020

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche 718 so menuvac pdk

Менувач со двојна спојка и за шестцилиндарските верзии на Porsche 718

Mini Патрик Пади Хопкирк Монте Карло

Патрик Хопкирк, херојот што во ’64 победи со Mini на Монте Карло