Патрик Хопкирк, херојот што во ’64 победи со Mini на Монте Карло

Mini Патрик Пади Хопкирк Монте Карло

Ford Falcon имаше осум цилиндри и 17 секунди предност. Пади Хопкирк имаше конзерва кавијар во алатот на својот Mini Cooper S и со стравотно возење штотуку победи на етапата што познавачите ја нарекуваат „Ноќта на долгите ножеви“. Релито Монте Карло во 1964 година уште беше вистинска авантура за учесниците и телевизиски спектакл што се пренесуваше во живо. Тоа се неколку извадоци од оваа интересна приказна на Патрик Хопкирк, чијашто победа со Mini на релито Монте Карло одекна како светска вест и наиде на бурно прославување во Обединетото Кралство.

Производителите од цел свет во тие години го открија релито како одлична бина за презентирање на своите модели. Возила од различни класи и со голема разлика во моќноста се натпреваруваа меѓусебно. Ова е една исклучителна приказна што ја раскажува 87-годишниот Пади Хопкирк, легенда на мотоспортот и човек што има голема заслуга за култот на Mini.

Хопкирк и денес зборува со одушевување за најважниот малечок автомобил во историјата: „Mini беше многу напреден автомобил. Неговиот преден погон и попречно вградениот мотор даваа голема предност, исто како и фактот што автомобилот беше мал, а улиците кривулести и тесни“, се сеќава тој на големиот триумф.

При повторната средба со Mini во подножјето на Кол де Турини, тој рутински се сместува зад воланот. Малечкиот британски автомобил е лакиран во „British Racing Green“. На патот нема снег и има доволно време да се ужива во грандиозната глетка и по патот до кон Монте Карло што води нагоре. Хопкирк со леснотија ја следи идеалната линија и со широка насмевка и добро притисната педала за гас се залетува по свијокот. Тој ужива во возењето и се присетува на настанот пред 56 години.

https://photos.app.goo.gl/cAmAnf1hvDyd1U1cA

Кавијарот беше од Минск. Хоркирк и неговиот англиски совозач Хенри Лидон во зимото 1964 година стартуваа на релито Монте Карло. Во тоа време, релито почнуваше од девет европски градови, од кои се возеше до исто одредиште. Шесте фабрички автомобили Mini првпат се сретнаа со своите соперници дури во францускиот Ремс.

Патрик Пади Хопкирк имаше успешна кариера, со бројни победи на ридски трки и пет победи на „Circuit of Ireland. Британецот го привлекуваше вниманието на сцената и со победата на Релито на лалињата во Холандија, на австриските Алпи и на релито Сафари. Зад воланот на Sunbeam Rapier, тој во 1962 година го освои третото место во вкупен пласман. Бидејќи догогаш немаше возено по советските патишта, Хопкирк се реши во 1964 година повторно да стартува на Монте Карло, поаѓајќи од Минск.

„Ние кои губевме на нагорнините, надоместувавме надолу“, се сеќава Хопкирк на релито пред 56 години

По пристигањето во Франција се разви вистинси двобој меѓу Хопкирк во Mini Cooper S и Швеѓанецот Бо Љунгфелт во Ford Falcon. Остана уште етапата на Кол де Турини. Во претходниот ден наврна многу снег, што беше голема пречка за силните и тешки автомобили на конкуренцијата. Хопкирк немаше проблеми со тоа: „Mini беше особено добар на надолнините, а тест-етапите постојано се менуваа по нагорнина и надолнина, така што ние кои губевме на нагорнините, надоместувавме надолу.“ Првата победа во генерален пласман на Mini на релито Монте Карло беше сосем извесна.

Изненадувачкиот триумф предизвика внимание ширум светот и бурно се прославуваше во Велика Британија. Mini стана легенда на мотоспортот, а Патрик Хопкирк преку ноќ стана најпознат британски рели-возач. Веднаш по прогласувањето на победниците, беше организиран брз превоз за возачот и возилото во Обединетото Кралство, за учество во тогаш светски популарното тв-шоу „Sunday Night at the London Palladium“. Телеграми пристигаа и од британската влада. За Хопкирк беше особено значајна фотографијата со автограми од Битлси, со натпис „Сега си еден од нас, Пади!“

https://photos.app.goo.gl/sRYVAotjuWzE8QeHA

MINI Cooper S продолжи да доминира на Монте Карло во следните години. Финските колеги на Хопкирк, Тимо Маконен и Рауно Алтонен, уште во 1964 година го завршија релито на четвртото и седмото место. Во 1965 и во 1967 година, тие постигнаа второ, односно трето место во генерален палсман со Mini Cooper S. Триото меѓу фановите беше познато како „тројцата мускетари“. Во 2010 година, тие беа впишани во финското „Rally Hall of Fame“.

Хопкирк продолжи да вози на Монте Карло и на останатите рели-арени. Светот на мотоспортот го цени особено поради неговото запирање додека водеше со Austin на релито Лондон-Сиднеј во 1968 година, за заедно со совозачот Тони Неш пожртвувано да им укаже помош на колегите чиешто возило се преврте и се запали покрај патеката.

Во почетокот на 1970-те години, Патрик Хопкирк се повлече од професионалното рели и се посвети на увозот на автомобили во својата родна Северна Ирска. Тој беше ангажиран како советник кога BMW започнуваше со развој на новата генерација на Mini. Во 2016 година, Хопкирк беше именуван за член на Редот на Британската Империја од принцезата Ана.

>>> Manhart цени дека Mini е најдобар со 350 КС

Manhart цени дека Mini е најдобар со 350 КС
Manhart цени дека Mini е најдобар со 350 КС

Претходна објаваПрвпат полначи за струја заедно со обични пумпи на аутобанот
Следна објаваБензински V8 се враќа во спортските СУВ-знаменосци на Audi

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here