за

Piaggio Ape се стави под напон, празна батерија се заменува со полна

Piaggio Ape се стави под напон, празна батерија се заменува со полна
Piaggio Ape се стави под напон, празна батерија се заменува со полна

Piaggio денес ја претстави електричната изведба на Ape во Њу Делхи, во градот што ги става лесните превозни средства пред крајни предизвици, како во поглед на подвижноста низ метежот, така и во поглед на чистиот погон.

Групацијата Piaggio денес во Њу Делхи го претстави Ape E-City, како електрична изведба на еден од најпознатите трицикли во историјата. Со оваа моделска изведба, италијанската марка ќе се пробива на растечкиот пазар на доставни возила со електричен погон во Индија.

Piaggio Ape во сите свои генерации во изминатите седум децении се докажа како лесно подвижно, достапно и издржливо возило за достава до крајните корисници. Со воведувањето на погонот на струја, Ape си обезбедува иднина, воедно нудејќи им на своите корисници уште пониски оперативни трошоци и отсуство на каква било емисија на штетни материи.

Посебноста на електричната изведба е во тоа што празната батерија едноставно се отстранува и на нејзиното место се приклучува претходно наполнета батерија. Оваа замена ќе се врши за време од само неколку минути, во автоматизирани станици.

Ape E-City се произведува во фабриката на групацијата во Барамати, во сојузната држава Махараштра, и најинтересно, достапен е по иста цена како моделот со погон на автогас

Индиската влада веќе неколку месеци ги субвенционира возилата со електричен или хибриден погон, особено возилата со 2 или 3 тркала. За овие возила се плаќа стапка на ДДВ од 12% место пет проценти.

Сегментот на електрични возила во Индија според последните статистики вреди 71 милиони долари, а се цени дека во 2025 година, тој ќе надмине 700 милиони долари, односно ќе порасне десетпати.

До септември годинава, групацијата Piaggio продала 143.500 доставни возила во Индија, со раст од 5,6 проценти. Пазарниот удел изнесува 23,8 проценти во сегментот на возила со три тркала, односно 42,9 проценти во сегментот на доставни возила.

Аутомакедонија стана увозник за товарната програма на Piaggio

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За политичарите нема загадување, а дизел скандалот ни вози по улица

За политичарите нема загадување, а дизел скандалот ни вози по улица

Ford Puma со пет ѕвезди на тестот на Euro NCAP

Ford Puma со пет ѕвезди на тестот на Euro NCAP