Последниот модел на Peugeot на американскиот пазар беше „405“ во 1991 година. Новиот шеф Таварес повторно гледа шанси за марката со лавот од другата страна на океанот.
Француската марка отсуствува од големиот пазар во САД уште од 1991 година, кога беше продаден последниот примерок од лимузината Peugeot 405. Американците особено се „запалија“ за спортскиот 405 Mi16. Дури една петина од вкупната продукција од 25.000 примероци од овој хомологациски модел за рели отидоа преку големата бара.
Во последно време се погласни се гласините дека Peugeot планира повторно да биде присутен на овој пазар. Покрај Peugeot, планирано е враќање и на Citroen, како и на новата марка DS. Тоа е дел од стратегијата на новиот шеф Карлос Таварес, француската групација да биде присутна во сите позначајни региони во светот. Стратегијата на Таварес се телеми на четири столбови: Воспоставување на три марки во групацијата (Peugeot, Citroen и DS), смалување на понудата од сегашните 45 на 26 модели, поттикнување на продажбата на глобално ниво и зголемување на продуктивноста. Како датум за исполнување на стратегиските цели е поставена 2018 година.
















