за

Десетте електрични Peugeot и Opel се досега најгласниот будилник за електромобилноста

Тоа е несомнено автомобилскиот настан на годината во Македонија: Десетте шоу-модели на Peugeot и Opel со батериски електричен или приклучен хибриден погон прикажаа најверодостојно, колку електромобилноста во меѓувреме напредувала.

Електромобилноста никого не чека да се освести. Погонот на струја функционира, и сите божемни проблеми, што погодените страни од напредувањето на погонот на струја, на сметка на нафтата, ги разгласуваат преку наивните и купени гласила, многу полесно се решливи, отколку сите проблеми што се поврзуваат со самата експлоатација на нафтата, и уште посериозно, со проблемите коишто произлегуваат од зависноста од нафтата. Овојпат реално ќе се осврнеме колку се убави овие десет автомобили со коишто увозникот Еуроимпекс ја удостои македонската автомобилска сцена.

Молскавично брзо се менуваат нештата околу електромобилноста. Не може и не смее да биде поинаку, затоа што се работи за најголемата автомобилска револуција во историјата на човештвото. Најголема е, не по воведувањето на подвижната лента во сериското производство на 1-ви декември 1913 година, од страна на Хенри Форд, туку е најголема по патентирањето на првиот автомобил на Карл Бенц, на 29-ти јануари 1886 година.

Револуцијата не е во изгледот на овие десет автомобили, што регионалниот, а нам домашен увозник Еуроимпекс, ги прикажа на важниот настан. Повеќето од овие модели на Peugeot и Opel со чисто електричен и приклучен хибриден погон, дури и воопшто не се разликуваат од моделските варијанти што го користат вообичаениот погон. Вистинскиот обем на револуцијата е во тоа што автомобилската сцена реално и за неверојатно кусо време ги согледа сите предности што ги нуди погонот на струја. Од некогаш громогласните нафрлувања, дека емисијата на СО2 на електричните автомобили, вклучувајќи ги производството на батеријата и самото производство на електрична енергија, се значително повисоко отколку емисијата на СО2 од бензинските и дизел моторите, денес останаа само неупатени дофрлувања.

Сите предизвици се решливи и се покажа дека единствено е потребна стратешка поддршка од страна на државата, за вешто и безгрешно да се истрасира патот кон ерата на електромобилноста. Тоа е воедно и единствениот напредок во погонската технологија кон којшто е ориентирана автомобилската индустрија и воопшто целиот свет. Електрична енергија се произведува на одржлив начин, за што имаме примери и во Македонија. Единствено е прашање обемот на производство на струја од сонце, ветер, вода. И вложувањето во тоа производство. Полначи исто така се поставуваат „лесно“, па дури и сопствено производство на полначи и организација на мрежи од полначи е можност, на којашто бизнис секторот веќе одамна требаше да реагира.

Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Peugeot до 2025 година ќе нуди чисто електрична изведба во секоја моделска серија што ја произведува. Гамата од патнички модели со чисто електричен и со приклучен хибриден погон во моментов ја сочинуваат:

Модел

Вид на погон, класа на модел

Основни технички податоци

Peugeot e-208

Електричен погон, модел од градска класа

136 КС, батерија 50 kWh, досег 362 km, време за полнење 30 min на DC-полнач 100 kW (до 80%), 150 km/h, 0-100 km/h за 8,1 s

Peugeot e-2008

Електричен погон, СУВ модел од градска класа

136 КС, батерија 50 kWh, досег 342 km, време за полнење 30 min на DC-полнач 100 kW (до 80%), 150 km/h, 0-100 km/h за 9,0 s

Peugeot 308 1.6 Hybrid 180

Приклучен хибриден погон, семеен модел од компакт класа

Мотор 150 КС/250 Nm + електромотор 110 КС/320 Nm, батерија 12,4 kWh, досег само на струја 69 km, време за полнење 115 min на АC-полнач 22 kW (до 100%), 225 km/h (135 km/h во е-модус) , 0-100 km/h за 7,6 s

Peugeot 308 1.6 Hybrid 225

Приклучен хибриден погон, семеен модел од компакт класа

Мотор 180 КС/250 Nm + електромотор 110 КС/320 Nm, батерија 12,4 kWh, досег само на струја 63 km, време за полнење 115 min на АC-полнач 22 kW (до 100%), 235 km/h (135 km/h во е-модус), 0-100 km/h за 7,5 s

Peugeot 308 SW 1.6 Hybrid 180

Приклучен хибриден погон, семеен комби-модел од компакт класа

Мотор 150 КС/250 Nm + електромотор 110 КС/320 Nm, батерија 12,4 kWh, досег само на струја 68 km, време за полнење 115 min на АC-полнач 22 kW (до 100%), 225 km/h (135 km/h во е-модус), 0-100 km/h за 7,7 s

Peugeot 308 SW 1.6 Hybrid 225

Приклучен хибриден погон, семеен комби-модел од компакт класа

Мотор 180 КС/250 Nm + електромотор 110 КС/320 Nm, батерија 12,4 kWh, досег само на струја 63 km, време за полнење 115 min на АC-полнач 22 kW (до 100%), 235 km/h (135 km/h во е-модус), 0-100 km/h за 7,6 s

Peugeot 3008 1.6 Hybrid 225

Приклучен хибриден погон, СУВ-модел од компакт класа

Мотор 181 КС/300 Nm + електромотор 110 КС/320 Nm, батерија 13,2 kWh, досег само на струја 62 km, време за полнење 120 min на АC-полнач 22 kW (до 100%), 225 km/h (135 km/h во е-модус), 0-100 km/h за 8,7 s

Peugeot 3008 1.6 Hybrid4 300

Приклучен хибриден погон, СУВ-модел од компакт класа

Мотор 200 КС/300 Nm + електромотор 110 КС/320 Nm + електромотор 112 КС/166 Nm, батерија 13,2 kWh, досег само на струја 63 km, време за полнење 120 min на АC-полнач 22 kW (до 100%), 240 km/h (135 km/h во е-модус), 0-100 km/h за 5,9 s

Peugeot 508 1.6 Hybrid 225

Приклучен хибриден погон, лимузина од средна класа

Мотор 181 КС/300 Nm + електромотор 110 КС/320 Nm, батерија 13,2 kWh, досег само на струја 62 km, време за полнење 150 min на 1-фазен АC-полнач 7,4 kW (до 100%), 240 km/h (135 km/h во е-модус), 0-100 km/h за 7,9 s

Peugeot 508 SW 1.6 Hybrid 225

Приклучен хибриден погон, комби од средна класа

Мотор 181 КС/300 Nm + електромотор 110 КС/320 Nm, батерија 13,2 kWh, досег само на струја 52 km, време за полнење 150 min на 1-фазен АC-полнач 7,4 kW (до 100%), 240 km/h (135 km/h во е-модус), 0-100 km/h за 8,0 s

Peugeot 508 PSE Hybrid4 360

Приклучен хибриден погон, спортска лимузина од средна класа

Мотор 200 КС/300 Nm + електромотор 110 КС/320 Nm + електромотор 112 КС/166 Nm, батерија 11,5 kWh, досег само на струја 51 km, време за полнење 105 min на АC-полнач 7,4 kW (до 100%), 250 km/h (135 km/h во е-модус), 0-100 km/h за 5,2 s

Peugeot 508 PSE SW Hybrid4 360

Приклучен хибриден погон, спортско комби од средна класа

Мотор 200 КС/300 Nm + електромотор 110 КС/320 Nm + електромотор 112 КС/166 Nm, батерија 11,5 kWh, досег само на струја 51 km, време за полнење 105 min на АC-полнач 7,4 kW (до 100%), 250 km/h (135 km/h во е-модус), 0-100 km/h за 5,2 s

Покрај патничките модели, подеднакво голема улога имаат и доставните модели со погон на струја. Компаниите со големи возни паркови воопшто не се двоумат околу изборот на модели со електричен погон, за обновувањето на возниот парк. Сите параметри што се важни за возните паркови на компаниите говорат во прилог на електричниот погон. Трошоците се значително пониски, во голем број држави се добиваат и посебни субвенции и повластици за компании, а секако дека е важно и тоа што електричниот погон е поедноставен и поевтин за одржување. Конечно, голем број градови имаат забрана за достава со обични возила, во градското јадро, каде што се внимава на задржување на квалитетот на воздухот во најголема можна мера.

Доставните модели со електричен погон на Peugeot:

Peugeot e-Partner/e-Rifter

Peugeot e-Expert/e-Traveller

Peugeot e-Boxer

Како што соопштуваат од Еуроимпекс, на македонскиот пазар постои голем интерес за електричните верзии на доставните модели. Тоа важи за целата гама, од секој модел веќе има продадено неколку примероци.

Opel како единствена германска марка во целиот концерн Stellantis, исто така напредува одлично во електромобилноста

New item by Automedia MK / Google Photos

Модел

Вид на погон, класа на модел

Основни технички податоци

Opel Corsa-e

Електричен погон, модел од градска класа

136 КС/260 Nm, батерија 50 kWh, досег 359 km, време за полнење 30 min на DC-полнач 100 kW (до 80%), 150 km/h, 0-100 km/h за 8,7 s

Opel Mokka-e

Електричен погон, СУВ модел од градска класа

136 КС/260 Nm, батерија 50 kWh, досег 338 km, време за полнење 30 min на DC-полнач 100 kW (до 80%), 150 km/h, 0-100 km/h за 9,0 s

Opel Astra 1.6 Turbo Hybrid

Приклучен хибриден погон, семеен модел од компакт класа

Мотор 150 КС/250 Nm + електромотор 110 КС/320 Nm, батерија 12,4 kWh, досег само на струја 60 km, време за полнење 120 min на АC-полнач 7,4 kW (100%), 225 km/h (135 km/h во е-модус) , 0-100 km/h за 7,6 s

Opel Astra Sports Tourer 1.6 Turbo Hybrid

Приклучен хибриден погон, семеен комби-модел од компакт класа

Мотор 150 КС/250 Nm + електромотор 110 КС/320 Nm, батерија 12,4 kWh, досег само на струја 60 km, време за полнење 120 min на АC-полнач 7,4 kW (100%), 225 km/h (135 km/h во е-модус), 0-100 km/h за 7,7 s

Opel Grandland 1.6 DI Turbo Hybrid

Приклучен хибриден погон, СУВ-модел од компакт класа

Мотор 181 КС/300 Nm + електромотор 110 КС/320 Nm, батерија 13,2 kWh, досег само на струја 56 km, време за полнење 120 min на АC-полнач 7,4 kW (100%), 225 km/h (135 km/h во е-модус), 0-100 km/h за 8,9 s

Opel Grandland 1.6 DI Turbo Hybrid4

Приклучен хибриден погон, СУВ-модел од компакт класа

Мотор 200 КС/300 Nm + електромотор 110 КС/320 Nm + електромотор 113 КС/166 Nm, батерија 13,2 kWh, досег само на струја 59 km, време за полнење 120 min на АC-полнач 7,4 kW (100%), 235 km/h (135 km/h во е-модус), 0-100 km/h за 6,1 s

Opel Rocks-e

Електричен погон, микро автомобил

8 КС/40 Nm, батерија 5,5 kWh, досег 75 km, време за полнење 210 min на обичен приклучок (до 100%), 45 km/h

Понудата од доставни и комбинирани модели на Opel ја сочинуваат:

Opel Combo-e Life / Opel Combo-e Cargo

Opel Movano-e Cargo

Opel Vivaro-e Kombi / Opel Vivaro-e Cargo

Opel Zafira-e Life

Повеќе критички осврт околу (не)создавањето услови за развој на електромобилноста од страна на државата, на следниот линк.

Еуроимпекс им направи добро утро на електричните автомобили на Peugeot и Opel

Peugeot 3008 Hybrid4 е лав со одмерен залак

Следниот линк води до нашиот онлајн-каталог АВТОСАЛОН.МК со преглед на сите модели со чисто електричен погон што се нудат на македонскиот пазар:

Inventory

Линк до страницата со сите податоци и информации за Opel Mokka-e во нашиот онлајн каталог АВТОСАЛОН.МК

Opel Mokka-e Edition

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Електричните автомобили ја смалија светската потрошувачка на нафта за 3,3%

Kia EV6 безбедна за пет ѕвезди според Euro NCAP