За заштитата на возрасни патници, Kia EV6 постигна 90% од максималниот број бодови и 86% заштита за децата. Овие резултати ја потврдуваат цврстината на платформата што ќе се користи и за следните модели со електричен погон на Kia. За високата оцена придонесе и високото ниво на безбедносна опрема.
Електричнaта Kia EV6 е одликувана со највисоката оцена за безбедност, на строгите тестови на Euro NCAP, водечка организација за проверка на безбедноста на производи во Европа. Кросоверот и ѕвезда на сцената на електричните автомобили, освои највисоки пет ѕвезди на тестот, со високи постигнувања во сите подрачја што ја создаваат конечната оцена.
Во поглавјето за заштита на возрасни патници, Kia EV6 исполнува 90% од максимумот што го има поставено организацијата за проверка на безбедноста. Степенот на заштита на децата е 86%, и тука автомболите обично постигнуваат помал процент, затоа што и експертите имаат уште построги барања отколку во поглед на заштитата на возрасните патници. За пешаци и велосипедисти, за повредливи учесници во сообраќајот, експертите утврдија дека EV6 исполнува 64% од максимумот. Во поглед на системите за асистенција, кросоvерот на Kia исто така брилјира, со 87 проценти.
Во деталното оценување на исходот од тестирањето, организацијата посочува на цврстината на патничката кабина по челен судир. Колената се добро заштитени, исто како и бутните коски на патниците на сите седишта. Тестирањето на предните седишта и на потпирачите за глава потврди висока заштита од опасното повратно движење на главата при судир од назад.
На тестот за страничен удар во пречка и уште поопасниот удар во столб, EV6 постигна мсксимум, во сите загрозени делови од телото, на возачот и на патниците. EV6 покажа и одлична заштита на децата, со доволна црстина на каросеријата и на системите за безбедност, да спречат повреда, симулирана преку кукли што претставуваат дете на шест и на десетогодишна возраст. Euro NCAP ги нагласи и сеопфатните системи за асистенција во подрачејто на безбедноста. Експертите за безбедност беа особено одушевени од самостојното запирање при опасност од судир во друго возило. Уште една безбедносна функција е самостојното запирање на возилото по судир – на тој начин се спрелува возилото што е вмешано во судир да продолжи да се движи и да ги загрози останатите возила и лица, како и самите патници во возилото.
Техничарите на Kia на овие одлични вести додаваат дека каросериската школка на Kia EV6 се состои во 63,6 проценти од челик со ултра висока цврстина.