Отворената каросериска изведба на Maserati MC20 се вика Cielo. Спајдерот ветува перформанси на вистински суперспортски автомобил, во спој со возачко уживање какво што не се доживеало досега.
Како и за сите нешта што доаѓаат од Италија, така има посебна приказна и за моделската ознака на новиот Maserati MC20 Cielo. Буквите MC означуваат Maserati Corse (трка, натпревар), 20 се однесува на 2020, годината кога започна новата ера за марката, додека Cielo е италијански збор за небо. Клучниот момент секако е Cielo. Според производителот, спајдерот е посветен за возачко уживање во најубави предели, додека автомобилот во исто време ги задржува предностите на класично купе.
Моторот V6 Nettuno е ист како во купето и посебен е по тоа што располага со преткомора. Станува збор за сложена и револуционерна конструкција, што потекнува од Формула 1 и во Maserati се користи првпат во сериски автомобил.
Уште една посебност на Cielo е преклопливиот стаклен покрив. Стаклото е електрохроматско и преку копче може да се избира меѓу целосна проѕирност и целосна затемнетост. Основа на целата приказна е технологијата PDLC, Polymer-Dispersed Liquid Crystal. Марката што вози под тризабецот на Нептун цени дека покривот е најдобар во класата, во поглед на термичката изолација и во брзината на затворање и отворање. За тоа се потребни само 12 секунди.
https://photos.app.goo.gl/7xd7ye5hgStHiCsVA
Спајдерот е развиен целосно во Maserati Innovation Lab и се произведува во историската фабрика на Виале Чиро Меноти. Тоа е 100% автомобил произведен во Италија и 100% автомобил произведен во Модена, исто како купето MC20.
Тежината на отворената каросериска изведба на MC20 е повисока за само 65 kg од купето. При конструкцијата на целата гама од модели околу MC20, посебно се внимавало на задржувањето ниска тежина. Школката е изработена од карбон, и освен ниската тежина, гарантира и висока цврстина. Третата моделска изведба во гамата пристига наскоро: Тоа ќе биде 100% електричен модел.
https://photos.app.goo.gl/uwEKYX2xdSYthLoX9
Уште еден важен „детал“ кај спајдерот се вратите. Исто како купето, така и отворениот MC20 поседува врати што се отвораат во пеперутка-стил. Покрај тоа што со овие циновски врати се постигнува полесен пристап во кабината, се добива и мал спектакл при секое седнување, со директна глетка кон предното тркало.
Каросериската боја е посебна. Maserati користи трислојна металик боја, позната како Acquamarina, дел од ексклузивната понуда на Maserati Fuoriserie. Бојата се менува според светлината. Основата е пастелно сива, како инспирација од трките и како омаж на тркачките гени на MC20. Врз основата следи слој аквамарин-мика, којашто го создава впечатливиот ефект на бојата.
Посебно за MC20 Cielo е развиен аудио систем во соработка со Sonus faber. Тоа е врвна аудио техника од прочуената италијанска мануфактура за аудио-езотерија, што се состои од 12 звучници, специјално приспособени за отворениот Maserati.
Цената е околу 260.000 евра, за триесет илјади повеќе отколку за купето.
https://photos.app.goo.gl/11Z9tPVdmyHxDiDs9
https://photos.app.goo.gl/ZRe5yKgNWW6UCEjb9
https://photos.app.goo.gl/Swwc65BdyYmWG71EA
https://photos.app.goo.gl/epNN4ud8EqZWmwpi9
https://photos.app.goo.gl/f7zMkgD4AjvoXwXg7
https://photos.app.goo.gl/9gbX6gPYSPi3WTSaA
https://photos.app.goo.gl/pHegPx4wJFq5gnTdA
















