Благородната италијанска марка се издвојува најмногу со подготвеноста да се излезе во пресрет и на најнеобичните нарачки. Maserati Grecale Mission from Mars е одличен пример, што сé може да изработи фината мануфактура во Модена.
Моќта на Maserati не е само во коњските сили, туку и во програмата за посебни нарачки од клиентите, што се води под името Fuoriserie. Секој автомобил што е изработен во оваа ексклусивна програма практично е уникат. Италијанците нудат можност да се избере која било боја и кој било материјал, секако со соодветен надомест.
За промоцијата на својот нов СУВ именуван Grecale, Maserati изработија уникат што пролетва ќе продефилира во избрани салони на марката на најголемите и најзначајните пазари ширум Европа. Специјалната боја на каросеријата на овој Maserati Grecale Mission from Mars потсеќа на црвената прашина на Марс и на оксидираните карпи. На неколку места е изведен ефект на метална ерозија, исто така по пример на „блиската“ планета.
Бојата се води под името Galactic Orange и создадена е посебно во Fuoriserie. Станува збор за неколку слоеви различна боја, коишто создаваат впечаток како површината да се прелева и личи на растопен метал.
Со ексклузивната каросерија следат и специјални тркала Vortex. Нивната посебност не се сведува само на лакирањето, туку и во специјалната изработка. Дизајнот личи на воздушниот вртлог што се создава при стартувањето на вселенските летала и при забрзувањето до фантастични брзини. За контраст, сивата боја на гумите е постигната со специјална смеша, за и тоа да потсеќа на Марс.
Исто толку внимание е посветено и во внатрешноста. Сите детали, италијанската мануфактура ги прикажува уредно на видеото. Во оригиналната приказна, уникатниот Maserati Grecale е нарачан од клиент од Марс:
Levante со мотор V8 од Ferrari стана најсилен Maserati во историјата