Автомобил со вештачка интелигенција против американски полицајци

Видеото што беше објавено на инстаграм во почетокот на април прикажува американски полицаец, кој се обидува да направи контрола на автомобил што користи вештачка интелигенција, значи станува збор за роботски автомобил. Тоа секако дека не им успеа на полицајците.

Виралното видео покажува полицаец во објаста Ричмонд во Сан Франциско, како се обидува да запре автомобил што е управуван компјутерски. Проблемот е тоа што светлата на возилото не се вклучени, иако е мрак. Во еден момент се чини дека автомобилот сака да побегне, но запира веднаш по крстосницата.

„Внатре нема никој!“ извикува минувач од тротоарот, кога еден од полицајците се приближува до отворениот прозорец од страната на возачот. На снимката убаво се слуша и гледа како минувачите и намерниците во локалите покрај улицата се смеат. Полицаецот се обидува да ја отвори вратата, но таа секако дека е заклучена. Службеникот потоа поаѓа кон полицискиот автомобил и во тој момент запрениот автомобил забрзува и продолжува напред. Кусо по крстосницата, автомбилот запира повторно.

Оригиналната објава на инстаграм:
https://www.instagram.com/tv/Cb1q-vggFn9/

Компанијата Cruise е дел од големиот концерн General Motors и веќе со години тестира и развива технологија за автономно возење. По големата фама што се крена околу видеото и по бранот вицеви што веднаш се прошири по друштвените мрежи, оттаму соопштија дека нивниот автомобил немал намера да стартува бркотница, туку запрел на најблиското безбедно место, за полицијата да може да изврши контрола. За случајот известуваше и локалниот „Сан Франциско Стандард“. 

Во вицевите се предлагаше, место нормални полициски службеници, по улиците на Сан Франциско во иднина да се пуштат робокапи што ќе се справуваат со робо-карс. Се наметна и прашањето, како во иднина ќе се постапува со самовозечките автомобили, коишто за неколку години ќе почнат многу помасовно да сообраќаат по улиците.

Од компанијата Cruise посочија дека проблемот со невклучените светла во меѓувреме е надминат и дека тоа било човечки пропуст. Освен возилата на Cruise, на подрачјето на Сан Франциско сообраќаат и роботските возила на Waymo, фирма ќерка на Google. Градот нуди одлични услови за тестирање на целосно роботизирани возила во коишто нема потреба од контрола од возач и има издадено лиценци за таков вид тестови.

Роботските возила смеат да се движат само во одредени подрачја од градот и во одредено време од денот, главно доцна во ноќта и рано наутро, како и при добри временски услови.

Автомобили без возач ќе се тестираат низ Сан Франциско

Претходна објаваАвтомобилите во ЕУ просечно стари 11,8 години, во Македонија над 20 години
Следна објаваОвој Maserati Grecale изгледа како да е паднат од Марс

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here