за

Lamborghini Huracán Tecnica е половина STO, половина EVO

Huracán Tecnica не е ниту моделско освежување на суперспорсткиот модел од Сант Агата, ниту е специјална серија. Тој има посебна мисија.

Lamborghini Huracán Tecnica се произведува само со заден погон и само во затворена каросериска изведба. Во тој поглед, моделот е сличен со екстремниот STO. За лутиот болид да може да се користи во секојдневието се грижат гените од Evo. Тоа што новиот модел го двои од овие две изведби е темелно преработената каросерија.

Изгледот на Tecnica значително се разликува од сите досегашни верзии на Huracán и може да се помисли дека станува збор за второ моделско освежување. Но, тоа не е случај. Напред се забележува дизајнерскиот детал во форма на Y под светлата. Тоа е детал што е познат од ексклузивниот Sian, модел лимитиран на 63 примероци, а исто и од футуристичката студија Terzo Millennio. Кај Tecnica, овој детал сепак не е осветлен. Предната хауба има различна форма и потсеќа на легендарниот Countach. Нанапред извлечениот преден сплитер и новиот дизајн на опашпт прават Huracan да биде подолг за 47 милиметри.

Најголемите промени се назад. Горната линија на покривот и препознатливото прекршување во вратата се извлечени наназад повеќе отколку кај Evo, што прави целата кабина да изгледа подолга. Назад се забележува и лесната конструкција од карбон, којашто речиси рамно го покрива моторот V10.

Погледот наназад го обезбедува мало задно стакло што е поставено исправено. Фиксниот заден спојлер не изгледа толку нападно како кај STO и повеќе се вклопува во новиот дизајн на опашот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Главниот дизајнер Митја Боркерт бил одлично инспириран за преправките кај Tecnica. Трапезните форми на STO се повторуваат кај Tecnica, а темната хауба прави целиот заден дел околу десетцилиндарецот да биде во црна боја.

Во средината на ова технократско уметничко дело сосем вообичаено штрчат две дебели издувни цевки. Новината тука е во тоа што место вообичаената тркалезна форма, тука се користи веќе долго познатата и омилена хексагонална форма во Lambo.

New item by Automedia MK / Google Photos

Внатре речиси нема промени. Арматурната табла не е толку пуристичка како во STO, единствено се задржани карбонските облоги во вратите и јамките за повлекување на вратите. Графиката на дисплејот не е толку шарена, за да не му одвлекува внимание на возчаот.

Задните панели под светлата се драстично скусени во долниод дел и го ослободуваат погледот кон гумите со ширина од 305 милиметри. Тоа многу потсеќа на италијанските болиди од 1970-те години, секако прво се будат асоцијации на раните моделски годишта на Countach, а се враќаат и сликите за изгледот на DeTomaso Pantera.

New item by Automedia MK / Google Photos

За врвни перформанси на тркачка патека, покрај атмосферскиот мотор V10 со 640 КС се грижи и вкупниот концепт од лесна конструкција, заден погон, управување на сите тркала и гуми Bridgestone Potenza Sport на тркала од 20 инчи со централна завртка.

При тежина од 1.379 килограми се постигнува сооднос од 2,15 килограми на КС. Новиот концепт на аеродинамиката го зголемува притисокот врз задната оска за 35 проценти во споредба со Evo, при отпор на воздух намален за 20 проценти.

New item by Automedia MK / Google Photos

Спринтот на Huracan со заден погон до темпо сто трае 3,2 секунди, а до двесте km/h минуваат 9,1 секунди. Крајната брзина изнесува 325 km/h.

Сант Агата уште не ја открива цената, но може да се претпостави дека таа е меѓу Evo со 220.000 евра и Huracan STO со близу 300.000 евра.

Технички податоци ·Lamborghini Huracan Tecnica

New item by Automedia MK / Google Photos

CHASSIS AND BODY
Chassis Hybrid chassis made from aluminum and carbon fiber
Body shell Outer skin made from aluminum and composite material
Suspension Double wishbone fully independent suspension
Springs and dampers Steel springs and hydraulic dampers, “MagneRide” electromagnetic
damper control
Electronic Stability
Control (ESC)
ESC/ABS characteristics can be adjusted via ANIMA,
ESC can be deactivated
Steering Electromechanical power steering
Brakes Carbon-ceramic brakes with fixed monoblock calipers with 6 pistons
(front) and 4 pistons (rear), in aluminum, CCB disks
Brake discs Specially contoured CCB discs, ventilated and cross drilled
∅ 380 X 38 mm front, ∅ 356 x 32 mm rear
Tires (standard) BRIDGESTONE Potenza Sport245/30 R20 (front) – 305/30 R20 (rear)
Wheels (standard) 8.5J x 20’’ (front) 11J x 20’’ (rear)
Mirrors Electrically controlled exterior mirrors
Airbags Full size dual-stage front airbags. Full size lateral airbags.
Knee airbags.

ENGINE
Type Ten-cylinder V, 90°
Displacement 5204 cm3 (317.57 cu in)
Bore / stroke Ø 84,5 mm x 92,8 mm (3.33 x 3.65 in)
Valve control Intake and exhaust camshafts with
continually variable adjustment
Compression 12.7 : 1
Max. power 470 kW / 640 CV at 8,000 rpm
Max. torque 565 Nm (417 lb. ft.) at 6,500 rpm
Emissions class EURO 6
Exhaust treatment Two catalysts with lambda regulation
Cooling system Water and oil cross flow cooling
Engine Management Bosch MED 17 Master Slave
Lubrication Dry sump

DRIVETRAIN
Type Rear-wheel drive
Transmission 7-speed LDF dual-clutch transmission,
shift characteristics variable via ANIMA
Clutch Double plate clutch ∅ 187 mm (7.36 in)
PERFORMANCE
Top Speed 325 km/h
0–100 km/h 3.2 s
0–200 km/h 9.1 s
Braking (100-0 km/h) 31.5 m

DIMENSIONS
Wheelbase 2,620 mm (103.15 in)
Length 4,567 mm (179,80 in)
Width 1,933 mm (76.10 in)
Width
(incl. ext. mirrors)
2,236 mm (88.03 in)
Height 1,165 mm (45.87 in)
Track front 1,668 mm (65.67 in)
Track rear 1,624 mm (63,94 in)
Turning circle 11.5 m
Weight (dry) 1,379 kg (3.040,175 lbs)
Weight/power 2.15 kg/CV (4,74 lbs/CV)
Weight Distribution 41% (front) – 59% (rear)

CAPACITIES
Fuel 80 liters
Trunk 100 liters

New item by Automedia MK / Google Photos

Lamborghini е уверен дека светот ќе сака класични мотори и по 2030 година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Овој Maserati Grecale изгледа како да е паднат од Марс

Не мрзне водата во водородната Toyota Mirai