за

Не мрзне водата во водородната Toyota Mirai

Лимузината што користи водород како погонско гориво мина пат долг 2.500 километри до северот на Шведска во тв-репортажа.

Целта на потфатот на германскиот тв-канал n-tv, беше со Toyota Mirai да се извози до најсеверната станица на којашто може да се наполни водород.

Возење на долга релација во вонредни временски услови, беше најновиот предизвик за Toyota Mirai. Во тв-репортажата насловена „Long Way North“ на германскиот канал n-tv, лимузината со погон на водород мина 2.500 километри од Келн до Шкелефте, на северот на Шведска.

Долгите релации не се проблем за Mirai, сосем нормален сериски автомобил што Toyota го произведува веќе во неговата втора генерација – единствено е различно тоа што Mirai користи водород како погонско гориво. Mirai во принцип е електричен автомобил, што место од тешка и скапа батерија, енергијата ја обезбедува преку хемиската реакција на водородот што се случува во горивната ќелија.

Димензиите на горивната ќелија, односно на модулот што се состои од десетици горивни ќелии, во актуелниот Mirai се намалени во споредба со претходниот модел. Покрај тоа, додаден е трет резервоар за водород. Со едно полнење, што трае најмногу пет минути – под услов да има има станица за точење водород во близина – Toyota минува до 650 километри.

Задачата што си ја постави тимот на германскиот автомобилски новинар Кристоф Јохан, во репортажата „Long Way North“, беше да се провери дали сето тоа навистина функционира толку беспрекорно во реални услови на возење.

По посетата на рафинерија во Веселинг, јужно од Келн, каде што моментно се одвива трансформација во една од најголемите фабрики за производство на водород во Европа, германскиот колега се упати на долг пат на север. Преку Северна Фризија, најсеверниот регион на Германија, во којшто локалното производство на енергија веќе 100% користи обновлива енергија, патот водеше кон Гетеборг, а потоа и до Шкелефте. Во градот на северот на Шведска е во тек изградба на најголемата фабрика за погонски батерии за електрични автомобили во Европа, којашто ќе работи исклучиво со зелена струја. Во фабриката во Шкелефте, патем, работат и неколку Македонци.

Водородната Toyota Mirai ја придружуваше автомобил со батериски електричен погон. Така можеше директно да се споредат водорододен електричен и батериски електричен автомобил. Репортажата ќе биде емитувана на германскиот канал n-tv на 16-ти април, во 8.30 часот. Тогаш ќе се знаат и деталите од патувањето, но од Toyota уште сега откриваат дека Mirai е првиот автомобил со погон на водород што со сопствен погон пристигнал до најсеверната станица за точење гориво во Европа. Тоа може да биде и рекорд.

Сите модели на Toyota што се во понуда на македонскиот пазар, со цени и детални технички податоци, како и можност за споредба, можете да ги погледнете на нашиот онлaјн-каталог Автосалон МК, на следниот линк https://avtosalon.mk/inventory/?marka=toyota

Toyota Mirai извозе рекордни 1.003 km со еден резервар водород

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini Huracán Tecnica е половина STO, половина EVO

Диселдорф не издава регистерски ознаки со буквата Z