Третата трка за трофејот на Suzuki ќе се вози во Аргос Орестико, нам познат и како Рупишта, меѓу 26-ти и 28-ми мај. Сите возила Suzuki што учествуваат припаѓаат во класата Т2, значи станува збор за сериски модели.
По две недели откако италијанските натпреварувачи за освојување на трофејот на Suzuki возеа по чакал во рамките на Баха Адриатико, во регионот Марке, 23-то издание на Suzuki Challenge Trophy пристига во наша близина. Од 26-ти до 28-ми мај, Suzuki ќе се вози во Грција, во костурско Рупишта. Бодовите важат во италијанското првенство во крос-кантри, како и во FIA Country Bajas European Cup.
Теренските возила на Suzuki, ќе се впуштат во предизвици по делници што се возат и за Грчкото Рели, во вкупна должина од 661,53 километри. Од целата рута, возењето се мери временски на вкупно 442,69 километри. Рутата на Аргос Орестико е истата што се бодува и за интернациoналната серија на FIA.
Во споредба со класичните трки што се возат за националните серии, Suzuki Challenge ќе има помалку мерни точки и ќе се вози подолго. Некои од брзинците се долги близу 100 километри и се возат во прекрасните природни предели, во граничното подрачје со Македонија и Албанија. Заедно со трофејот на марката од Хамамацу, ќе се вози и Рели Грција, но и Италијанската Баха, што се бодува за светското првенство.
Календарот на 23-от SUZUKI CHALLENGE:
Italian Baja di Primavera (11-13 март); Baja Rally Adriatico (13-15 мај); Greek Baja (26-28 мај); Italian Baja 1st Leg (7-10 јули); Italian Baja 2nd Leg (7-10 јули); Baja Vermentino Terre di Gallura (17-18 септември); Baja Valtiberina Crete Senesi (13-15 октомври).
Suzuki Swift Sport во шампионско издание во чест на мото-титулата
















