за

Suzuki Swift Sport во шампионско издание во чест на мото-титулата

Suzuki подготви ограничена серија од Swift Sport заради одбележување на седмата титула на светски шампион на Suzuki во МотоГП, заслуга на Хоан Мир.

suzuki swift sport hybrid

Шампионското издание на Swift Sport се препознава веднаш по комбинацијата од бои. Каросеријата во сина металик боја оди заедно со сребрен покрив и со детали во кокпитот во флуоресцентна жолта боја. Сето тоа е во чест на славеничкото издание на тркачкиот мотоцикл GSX-RR на тимот Екстар.

Во боите на тимот Екстар, а тоа значи и во боите на Suzuki GSX-R1000R Legend Edition, шампионското издание на Swift Sport уште еднаш ја прославува триумфалната сезона за Suzuki лани. Автомобилот и мотоциклот со коишто Suzuki си ги прославува триумфите во мотоспортот, црпат инспирација од првиот мотоцикл на Suzuki што учествувал на трка за светското првенство во 1960 година. На комбинацијата од металик сина каросерија и сив покрив се надоврзуваат и капи на ретровизорите во сива боја. Целината ја заокружуваат столбовите во црна боја

Во вистински тркачки манир, по средината на каросеријата минуваат три тркачки ленти, во сребрена боја на сината каросерија, и обратно, во сина боја по сивиот покрив. Во делот од лентата што минува преку хаубата е „исечено“ името Suzuki.

Во потпирачот за рака во вратите, во конзолата околу рачката на менувачот и надолжно во кокпитот се поставени украсни панели во флуоресцентна жолта боја. Секој примерок од ограничената серија ќе биде потпишан лично од светскиот мото-шампион Хоан Мир.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Swift Sport е точно погоден за одбележување на триумфот на Suzuki во Мото ГП

Suzuki со гордост посочува дека нивниот Swift Sport е вистинскиот автомобил што може најдобро да ги поврзе двата света, оној на автомобилите со оној на мотоциклите. Возачот го чувствува автомобилот директно, исто како возач на мотоцикл. Со широката трага на оските и со ниското тежиште, Swift Sport постигнува шампионски сооднос меѓу тежината и моќноста. Докажаниот модел на тркачките патеки во оваа генерација тежи одвај 20 килограми над еден тон. Секоја команда и секое барање на возачот се пренесува на дело, без доцнење и во целосен обем.

Секако дека и Suzuki Swift Sport користи благ хибриден погон

Присуството на стартер-генератор во погонската спрега дополнително помага да се засили спортскиот карактер на моделот. Системската моќност на благиот хибриден погон изнесува 129 КС, а следи и масивен вртежен момент за големината на возилото, од 235 Nm во подрачјето меѓу 2.000 и 3.000 вртежи во минута.

Моторот 1.4 Boosterjet K14D, со турбополнач со ниска инерција и со варијабилна работа на вшмукувачките вентили, коимбиниран е со 48-волтна хибридна технологија на Suzuki. Целиот хибриден систем, со стартер-генератор и со батеријата што е под совозачкото седиште, плус контролната единица под седиштето на возачот, вкупно тежи 45 килограми.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Стартер-генераторот, во услови кога дејствува како електромотор, на пример при поаѓање или при престигнување, помага за целосно да се избегне турбо-дупката. Swift Sport Hybrid повлекува моќно уште под 1.000 вртежи, нема доцнење. Овој ефект на дополнителна моќност од електрооторот ќе се повторува и во текот на возењето, затоа што малата (и евтина) батерија се полни при секое сопирање или забавување.

Примероци од лимитираната Champions Edition на Swift Sport Hybrid веројатно нема да се појават во салонот на Suzuki во Скопје. Постоеја планови да се донесе одреден контингент од „обичниот“ Swift Sport Hybrid со 129 КС, меѓутоа корона-кризата ги одложи и тие планови. Доколку постои интерес, секако дека не е исклучено неколку возила од историски значајниот модел за мотоспортот во Македонија сепак да пристигнат на нашата сцена – Suzuki Swift GTi долго време беше неразделен од автомобилските трки, не само кај нас, туку и пошироко во регионот.

Тест • Suzuki Swift Sport (во 2013 година, модел од претходната генерација)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Sorento е „Најдобар новитет за 2021“ според Autotrader

BMW амбалажа еко

„Еко“ е новиот премиум: Делови од BMW во фолии од овошен екстракт и пена од шеќерна репа