за

„Еко“ е новиот премиум: Делови од BMW во фолии од овошен екстракт и пена од шеќерна репа

Групацијата BMW внимава на животната средина и во испораката на резервни делови и прибор. Фолиите за заштита од корозија се состојат од овошен екстракт, а пената за амбалажа потекнува од шеќерна репа.

BMW амбалажа еко

Од центарот на групацијата BMW во Динголфинг секојдневно се испорачуваат оригинални делови за BMW, Mini и BMW Motorrad ширум светот. Отсега тие се пакуваат во иновативни амбалажи, кои најчесто се изработени од суровини од обновливи извори.

Фолии за заштита од корозија од овошен екстракт првпат се користеа во BMW уште во 2016 година. Органските и проѕирни фолии и ќеси со ознака VCI, имаат пријатен мирис на кокос, не содржат амини и нитрити. Најважното е што оваа иновативна амбалажа делотворно ги штити металните делови од корозија, како што се на пример погонски оски. Тоа воедно има приоритет при изборот на нови материјали.

Материјали од обновливи извори се користат и за пенастите профили, кои на пример се користат за заштита на рабовите на ветробраните при транспорт. Името на овој материјал е naturefoam и се добива врз база на шеќерна репа. Четири од вкупно седум универзални амбалажи што ги користи BMW, веќе стандардно се применуват во работното секојдневие. Планот е уште во текот на годинава да се заменат и преостанатите три видови на амбалажи.

Моментно се тестира примената на материјал од стара хартија, за прецизно поставување на деловите во амбалажата. Тоа е истиот материјал што е познат од супермаркетите и се користи, на пример, за табли јајца. Специјалистите на BMW расботат и на хартија од трева што расте брзо или од коноп.

Од септември лани, хартиената постава во картонските амбалажи во 100% се состои од рециклирана хартија. Се работи и на тоа, брановидниот картон по 2023 година целосно да потекнува од рециклажа. Моментно уделот е 75 проценти.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Најголемиот извозник на автомобили од САД е … BMW!

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

suzuki swift sport hybrid

Suzuki Swift Sport во шампионско издание во чест на мото-титулата

mercedes citaro g hybrid

Хибридни автобуси Mercedes ќе возат во белгиски градови