за

Хибридни автобуси Mercedes ќе возат во белгиски градови

Mercedes ќе испорача 129 хибридни автобуси Citaro G hybrid за јавниот превоз во три градови во Белгија.

mercedes citaro g hybrid

Новите хибридни автобуси на Mercedes за Белгија се издвојуваат со должината од 18 метри и со светложолтата боја. Во градовите Лиеж, Монс и Нивел во областа Валонија пристигнаа првите од вкупно 129 нови зглобни автобуси Mercedes-Benz Citaro G hybrid.

Станува збор за една од најголемите нарачки за зглобни автобуси од Mercedes во последниве години. Испораката ќе биде завршена во текот на летото. Составен дел од испораката е сеопфатен договор за сервисирање во времетеаење од осум години. Германскиот производител ги цени своите автобуси Citaro G hybrid како посебно комфорни, безбедни и еколошки. Компактниот хибриден модул ја намалува потрошувачката на гориво на 18-метарските автобуси до 8,5 проценти.

Автобусите располагаат со три врати (за приградски линии) или четири врати (за град), лица со телесна попреченост можат да го користат лифтот со електричен погон. Целиот патнички простор е климатизиран, облогата на подот личи на дрво. Седиштата имаат висок потпирач и обложени се со регенерирана кожа во црвена боја. Патниците имаат на располагање и повеќе приклучоци USB.

Возачот е сместен зад целосно застаклена кабина. Од системите за асистенција се вградени самостојно запирање при опасност од судир и предупредување при скршнување, со тоа што двата системи дополнително располагаат со самостојно запирање пред пешак.

Компанијата нарачател TEC Group учествува во јавниот превоз во Валонија со близу 2.400 автобуси и неколку трамваи. Белгиската групација со 5.200 вработени, од кои 3.200 возачки и возачи, оперира со 767 линии и годишно превезува 150 милиони патници.

https://www.instagram.com/p/CKUFdzxJ1_W/

Бретања нарача 92 електрични автобуси Mercedes eCitaro

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW амбалажа еко

„Еко“ е новиот премиум: Делови од BMW во фолии од овошен екстракт и пена од шеќерна репа

lamborghini фабрика

Lamborghini е најдобар работодавец во Италија