за

Бретања нарача 92 електрични автобуси Mercedes eCitaro

Најголемата нарачка за електричниот Mercedes-Benz eCitaro откако е започнато неговото производство пристигна од францускиот град Рен.

Бретања нарача 92 електрични автобуси Mercedes eCitaro

Француската метропола Рен нарача 92 комплетно електрични градски автобуси Mercedes-Benz eCitaro. Нарачката се состои од 59 зглобни и 33 единечни автобуси, кои ќе се испорачуваат во периодот меѓу 2022 и 2025 година.

Градот Рен во регионот Бретања, во Франција, избра електрични автобуси Mercedes-Benz eCitaro, како дел од амбициозниот план на мерки за запирање на климатските примени. Тоа е досега најголема нарачка надвор од Германија за автобусите на Mercedes што користат погон на струја.

Автобусите за француската метропола поседуваат осум литиум-јонски батериски пакети од најновата генерација. Пантограф поставен на покривот овозможува батеријата да се полни додека автобусот е во редовна линија и на тој начин се зголемува досегот. Француските eCitaro ќе бидат опремени со напредни системи за асистенција, меѓу нив самостојно запирање при опасност од судир, како и предупредување на возачот при скршнување во десно, доколку во непрегледното подрачје се наоѓа велосипедист или пешак.

Рен е метропола во регионот Бретања, со повеќе од 200.000 жители, односно двојно повеќе, вклучувајќи ги предградијата. Градскиот превоз е мошне развиен и се состои од метро, околу 70 автобуски линии, училишни автобуси и за наем на велосипеди. Градот планира целосна електрификација на автобускиот превоз до 2030 година.

Mercedes го претстави електричниот автобус eCitaro во 2018 година. Неодамна започна производството и на зглобната изведба на автобусот, eCitaro G. Како што објавивме претходно, тоа е прв градски автобус што користи батерија со цврст електролит.

Досегот изнесува до 220 километри. Mercedes нуди бројни можности за изработка на двата модели автобуси по посебна нарачка.

>>> Електричен Mercedes eCitaro е градски автобус на годината

Автобус на Mercedes прв во свет со батерија со цврст електролит

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со шарм на основен модел BMW 116i

Со шарм на основен модел: BMW 116i

Вонбродски мотор на Suzuki собира пластика од морето

Вонбродски мотор на Suzuki собира пластика од морето